Македонија Топ вести

СДСМ: Мицкоски призна дека вршел притисок во МВР за теретаната

Христијан Мицкоски денеска самиот призна дека вршел притисок во МВР за случајот со теретаната, реагираше СДСМ преку соопштение.„Не само што праќал пораки, туку Мицкоски се јавувал на телефон и вршел притисок во внатрешната контрола за неговиот случај. ‘Здраво, би сакал да се слушнеме‘ е ново признание за обидите на режимската инсталација на старото МВРО-ВМРО.  Но, тоа време заврши. Според истото принзание на Мицкоски, притискот е извршен со помош на Наќе Отсјај, што отвора други основи за одговорност. Јавноста очекува истрагата да заврши и да ги даде одговорите. Снимките ги виде цела јавност среде најголемата пандемија. Мицкоски си влегува во празна теретана, придружуван од командантот на единицата ‘Тигар‘ и уште еден полициски службеник. Мицкоски ќе остане запаметен за време на коронакризата дека беше на спротивната страна, дека лажеше и се однесуваше неодговрно и незрело“, наведено е во партиското соопштение.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Бектеши: Хакерите објавиле стара дата база од пред 7 или 8 години

saso user

Лидерска средба кај Пендаровски в понеделник во 12 часот

saso user

Србија и Русија не се поканети на 80-годишнината од почетокот на Втората светска војна во Полска

saso user