Мода

Место на штикли победив во пижами, вели Кристина Димитријевска од Тетово, која е прогласена за Мис карантин на светот

Станав мис во пижами, вели Кристина Димитијевска од Тетово, која е избрана за Мис карантин на светот, што онлајн се одржа во неделата. Таа вели дека од тогаш не престанува да и ѕвони телефонот, добива честитки од роднини и пријатели од цел свет. Ова е прв пат да се избере убавица, која не мора да шета на писта, не мора да отпатува некаде и да се подготвува, туку да испрати видео и фотографии и од дома да гледа како ќе добие титула.

-Сега разбирам како им било на моите кога ме гледале од страна. Не можев да поверувам, кога си ги видов ликот. Не ми се веруваше, се додека не ми се јави Мики Црнокрак да ми потврди. Прво го гушнав син ми Давид и почнавме да скокаме од радост. И нему му е интересно да скока, таа фаза му е сега. Ни на крај памет не ми беше дека јас ќе ја добијам титулата- најубава. Мислев дека најголем успех е што влегов во топ 15, бидејќи имаше 215 девојки од цел свет. Сите се убави девојки ама да бидеш прв во нешто е навистина предизвик, вели Кристина.

Кога ја поканиле да учествува не се двоумела, бидејќи досега немало ваков избор. А освен тоа и учеството е убаво за нејзината биографија, особено затоа што планира да донесе уште многу титули.

-Другите избори се многу захтевни, мораш да си постојано на штикли, нашминкана. Напорно е. Па го чекаш финалето и на крајот си викаш што биде нека биде, веќе е мачно. Сега од дома беше супер. Немаше потреба од шминка. Јас сум фитнес инструктор и нон стоп сум во хеланки. Победив во пижами. Со Давид изборот го гледвме во пижами.  Како и да е навистина е предизвик и убаво што се сетиле да го направат овој избор. Во декември донесов балканска титула, се одржа во Белград и ова сега ми е престиж, бидејки сакам нови предизвици. До тогаш таа титула ми беше врв, но еве сега донесов светска титула и е нешто друго. Ова всушност е само услов, затоа што сме затворени. Мене ми е една титула плус за биографија, која која си носи контакти. Ме контактираа доста агенции од други држави. Но, да помине пандемијата, да се отворат границите, па ке видиме, вели убавицата.

Кристина освен по својата убавина е позната и по тоа што беше во брак со пејачот Даниел Кајмакоски, но по неколку години заеднички живот, решија да се разделат. Од тој брак го имаат синчето Давид, кој живее со неа во Тетово. По разводот таа стана фитнес тренер и се посвети на манекенската кариера. И откако се разведе- тргна кариерата.

-Па не би рекла дека титулите имаат врска со разводот. Ова ми е успех на професионален план и приватниот живот нема допирни точки со професијата. Во овој момент најголема мотивација за мене е син ми,  ме полни со енергија. Ме прашуваат зошто сум била толку насмеана. Па јас сум секогаш насмеана. Секогаш се смееме со Давид. Тој ме расположува. Но, и кога си слободна, можеш да се посветиш повеќе на себе.

А за приватниот живот сега, за нова љубов Кристина вели:

„Јас на приватен план секогаш сум среќна и задоволна. И толку…  Кога ќе дојде време нешто да се каже, јас ќе го кажам…“

Весна Миленковска

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Нов скандал во ЦСУ „Климент Охридски“, Бившион директор не ојт, а плата земвит. Наташа очи имаТ ал не?

saso user

Жените се шминкаат во рок од 2 ипол часа по породувањето

saso user

Гаќичките се толку мали што треба да се забранат- нова мода бикини за на плажа, а плажа нема!

saso user