Македонија

ИСПРАВКА НА МИА: Филипче предлага границите да се отворат на 15 јуни, а не на 15 јули

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека скринингот во градинките завршува следната недела, најавувајќи дека детските установи ќе започнат со работа кон почетокот на јуни.

– Оваа недела би требало да заврши скринингот и веќе од онаа следна недела градинките ќе почнат со работа, значи отприлика на почетокот на јуни – рече Филипче во интервју на Телевизија 24.

На новинарското прашање кога се планира да се отворат границите, министерот нагласи дека тоа се очекува кон средината на јуни.

– Средина на јуни се очекува отворање на границите, тоа е разумен период кога би можеле да се отворат границите – посочи Филипче, апелирајќи дека луѓето можат да одат каде било доколку ги почитуваат мерките.

Напомена:

Во претходната некорегирана вест на МИА пишуваше дека министерот за здравство Венко Филипче најавил отворање на границите на 15 јули, што беше пренесена од повеќе медиуми и внесе голема забуна кај читателите.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

ДОМ: Со изборот на Пендаровски, избираме стабилност и евро-атлантска перспектива

saso user

Облачно и студено, се очекува и дожд

saso user

Гури и Алими добија по 3,5 години затвор за уништување на изборен материјал

saso user