Бизнис

Закерберг: Следните 10 години половина од вработените во „Фејсбук“ ќе работат од дома

Генералниот директор на „Фејсбук“, Марк Закерберг најави дека очекува дека во следните десет години околу 50 проценти од вработените во компанијата да работат од дома.

Сепак, тој додаде дека платите ќе бидат намалени за вработените кои живеат во други делови на Соединетите Американски Држави каде трошоците за живот се пониски отколку во Силиконската долина.

– Ние плаќаме многу добро, всушност најмногу на пазарот, но плаќаме по пазарни цени, кои се разликуваат од локација до локација, така што тој принцип ќе продолжи да се применува и во овој случај – рече Закерберг.

Во „Фејсбук“ се вработени околу 50.000 луѓе, а компанијата планира да изгради три нови регионални централи во Атланта, Далас и Денвер за повремени собири на вработените кои живеат во близина на тие градови.

Според Скај њуз, сѐ уште не е познато каков финансиски ефект врз компанијата ќе има трансферот на голем број вработени на работа од дома, но додава дека покрај одредени заштеди кога станува збор за имот, храна и, потенцијално, заработка, предвид треба да се земе и обезбедувањето опрема за таква работа, што би можело да излезе скапо.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Почесто проветрувајте ги работните простории

saso user

Стапката на невработеност се симна на 19,4 отсто

saso user

Раст од 12,8 проценти на туристите во септември, најбројни од Турција

saso user