Свет

Задолжителен 14-дневен карантин за сите кои влегуваат во Велика Британија

Во Велика Британија ќе биде задолжителен 14-дневен карантин од 8 јуни за сите оние кои доаѓаат од странство. Тоа го изјави денеска британскиот министер за внатрешни работи Прити Пател, појаснувајќи дека целта е спречување на ширењето на новиот корронавирус.

Секој што доаѓа од странство, вклучително и британски државјани, ќе мора да биде во изолација 14 дена и ќе мора да наведат каде ќе бидат за тоа временски период.

– Сега, откако го поминавме пикот на инфекцијата, мора да преземеме чекори за да се заштитиме од увезени случаи што би предизвикало повторно појавување на оваа смртоносна болест – рече Пател на прес-конференција.

За непочитување на таа наредба, следува казна од 1.000 фунти/. Карантин нема да биде обврзен за оние од Република Ирска, возачи на камиони, медицински работници и сезонски работници во земјоделието. Мерката ќе се преиспитува на секои три недели.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Авион со 90 патници се урна во Пакистан

saso user

Три хороскопски знаци за кои декември ќе биде најлошиот месец

saso user

Убиен напаѓачот кој смртно избоде маж во парк во Париз

saso user