Свет

ЕУ бара од Кина да ја почитува автономијата на Хонг Конг

Европската Унија ја повика Кина да ја „почитува автономијата на Хонг Конг“ во декларација усвоена од 27 земји-членки по објавувањето на Пекинг на нацрт-закон за зачувување на националната безбедност на Хонг Конг.

– Европската унија придава големо значење на одржување високо ниво на автономија за Хонг Конг, во согласност со фундаменталниот закон и меѓународните обврски, како и со почитување на тој принцип – нагласи шефот на европската дипломатија Жозеп Борел во декларацијата во име на ЕУ-27.

Во Кина на седница на Парламентот вчера беше поднесен предлог-закон за национална безбедност во Хонг Конг, град кој има статус на полуавтономија.

Тој потег на Кина следува по неколкумесечните продемократски протести минатата година, кои понекогаш беа насилни и судирите меѓу полицијата и демонстрантите, што е најголемата криза во градот, откако беше вратен на Кина во 1997 година, по децении британско колонијално владеење.

Предлог-законот, еден од најконтроверзните точки на агендата на Националниот народен Конгрес во последните години, предизвика силни критики од американската влада и организациите за човекови права, како и продемократските пратеници од Хонг Конг.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Осум диви животни заразени со коронавирус во Зоолошка во Бронкс

saso user

Во Кина претставени 16 нови професии

saso user

Кој го чува бебето? Вашиот маж?

saso user