Македонија

Дезинфекција, маски, ракавици, чекање ред за влез во продавница уште најмалку половина година

Реадари, дезинфекција, запазување на минимум потребното растојание при чекање ред, маски, ракавици ќе се носат при посета на трговските објекти уште половина година по завршувањето на вонредната состојба, одлучи владата.

– Владата ги донесе измените на Уредбата со законска сила за примена на Законот за трговија за време на вонредна состојба согласно која за уште 200 дена од престанокот на траењето на вонредната состојба  се применуваат мерките за обезбедување на  редарска служба при влезот и во внатрешноста на трговските објекти, дезинфекција за раце при влез во објектот, поставување на соодветни ознаки со кои се обележува правецот на движење и запазување на минимум потребното растојание при чекање ред на лицата пред и во објектот, како и истовремено пазарување најмногу по едно лице на површина од секои 20 метри квадратни, додека со површина помала од 20 метри квадратни може да пазарува само едно лице, како и обезбедување на заштитна опрема (маски и ракавици) од страна на трговецот за вработените во објектот, кои се должни да ја носат за времетраење на работното време, соопшти владата.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Јазбец: Човеково право е чистиот воздух кој го нема во Скопје и во Тетово

saso user

Во пожар во гостиварска Долна Бањица изгоре работилница за мебел

saso user

Спасовски: Имате Гугл и пребарајте што е скандал, па ќе научите

saso user