Урбани вести

Градежните активности во општина Ресен се одвиваат со забрзано темпо и покрај кризата со Коронa вирусот

Почитувани сограѓани,
градежните активности во општина Ресен се одвиваат со забрзано темпо и покрај кризата со Корона вирусот.
Денес бев на увид во реализацијата на проект за „Реконструкција на улица 1 во с. Наколец “, кое започна пред неколку дена.
Проектните активности опфаќаат реконструкција на улица во с. Наколец во должина од 1.235 м, а вкупна вредност на проектот изнесува 4.169.517,02 денари со ДДВ.
Средствата за изградба на патот се обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР), во рамки на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој, додека 761.870 денари се обезбедени од Буџетот на Општина Ресен .
Почитувани, време е Преспа да биде достојно место за живеење за сите подеднакво.
#продолжувамезаедно

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

(ГАЛЕРИЈА) МИЛИОНСКАТА ХАЦИЕНДА -ДИВОГРАДБА НА МИТРЕ МИЛОШЕВСКИ КОЈ САКА ДА ПОСТАНЕ ГРАДОНАЧАЛНИК?!

saso user

Отворена полициската канцеларија во Пештани

saso user

НОВИ ПРОЗОРЦИ ДОБИ ОУ „ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“

saso user