Сцена

Ги урна сите рекорди со „Gangnam Stylе“ и исчезна: Каде е Псај и што работи

Јужнокорејскиот пејач Парк Јае-санг, попознат под името Псај (42), ги урна сите рекорди со песната „Gangnam Stylе“, која во  2012 година собра 3,6 милијарди прегледи на Јутјуб. За само половина година хитот (од јули до декември) веќе помина милијарда кликови па така Псај стана првиот изведувач на светот на кој тоа му успеало.

Многумина тогаш го нарекоа „крал на Јутјуб“ и неговото танцување од видеото беше имитирано низ целиот свет. Тој ја објави и песната „Gentleman“, која исто така надмина милијарда прегледи. Сепак, неговата глобална слава брзо „спласна“. Тој потоа едноставно исчезна.

Псај и понатаму се занимава со музика, но не објавува песни толку често и не достигнува милијарди прегледи како порано. Сепак, сè уште има милиони прегледи, само што не е вирално како порано.

Неговата песна ги собори сите рекорди, а танцувачките потези од музичкото видео беа изведени низ целиот свет.

Иако стана планетарно популарен во 2012 година, Псај ја започна својата кариера во Јужна Кореја уште во 2000 година. Но, морал да го паузира накратко за да оди во војска и да се врати во 2009 година. Псај своевремено рекол дека славата имала лошо влијание врз неговиот живот, бидејќи се свртел кон алкохолот. Вотката, вели тој, била неговиот најдобар пријател и кога бил тажен и кога бил среќен.

Псај порано зборуваше за неговото тешко детство во интервјуата. Тој не се согласувал со неговиот татко и во младоста завршил во затвор заради поседување марихуана.

Откако му се падна популарноста, тој се посвети на работата зад камерите. Псај основал сопствена компанија „P Nation“, која работи како дискографска куќа, компанија, а денес им помага на многу локални sвезди да се пробијат на светскиот пазар.

ФОТО: ЈУтјуб

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Меган и Хари ја одбележаа годишнината од свршувачката па објавија досега невидена фотографија ФОТО

saso user

Славните пејачи осудени за брутално силување на две жени: Ги дрогирале па ги снимале додека се изживувале

saso user

Бритни Спирс на суд рекла дека сака уште едно дете, но татко ѝ не ѝ дозволил да забремени

saso user