Свет

Вториот круг локални избори во Франција на 28 јуни

Вториот круг од локалните избори во Франција ќе се одржи на 28 јуни, повеќе од три месеци по првиот круг организиран среде пандемијата на коронавирусот, изјави денеска премиерот Едуард Филип.

– Откако ќе ги анализиравме добрите и лошите страни, веруваме дека демократскиот живот мора да си ги врати своите права – рече Филип на прес-конференција, нагласувајќи дека одлуката ќе зависи од здравствената ситуација.

Гласање ќе има во околу 5.000 општини, каде немаше јасни победници во првиот круг. Властите го одржаа првиот круг на 15 март, како што беше планирано, така што се одржа малку пред да биде објавен карантин во државата.

Вториот круг беше закажан за 22 март, но беше одложен поради епидемијата на Ковид-19.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Трудо бара одговори за авионската несреќа во Иран, во којa загинаа и 63 Канаѓани

saso user

Бабиш: Жалам што бев комунист

saso user

Британија почна да издава пасоши без логото на ЕУ

saso user