Сцена

Актерката Лохлин оди во затвор

Американската актерка Лори Лохлин и нејзинот сопруг, дизајнерот Мосимо Џианули, се изјаснија дека се виновни и ќе отслужат казна затвор за учество во криминален потфат.

Лохлин и Џианули се меѓу 50-те обвинети дека учествувале во наводен криминал за запишување деца на универзитет, иако тие ги отфрлија сите обвиненија на почетокот од судскиот процес.

Лохлин (55) прифати да служи затворска казна во траење од два месеца, и заедно со својот сопруг таа се согласи на договор што вклучува финансиски надомест и работа за хуманитарни цели под надзор.

Обвинителството соопшти дека Лохлин и Џианули платиле поткуп од половина милион долари за да ги запишат своите две ќерки на Универзитетот во Јужна Каролина, наводно како членови на веслачкиот тим.

Според условите на спогодбата, актерката ќе биде во затвор два месеца, ќе плати 150.000 долари и ќе има задолжителни 100 часа општо корисна работа, додека нејзиниот сопруг ќе помине пет месеци в затвор, а ќе мора да плати и парична казна од 250.000 долари и задолжителни 250 часа општо корисна работа.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Принц Хари бесен: Ја изгубив мојата мајка и сега гледам како ја малтретираат Меган

saso user

Тијана: Те сакам Тамара, маестрално, емотивно, беспрекорно!

saso user

Александар Тарабунов – Тара ја претстави својата нова песна „Senorita“ ВИДЕО

saso user