Досие Македонија Топ вести

Услугите на Кичевски и Бено ги користеле и од СДСМ Охрид,за тоа дебело ги наградувале!

Четири нови „Бомби“, аудио снимки кој се објавени на каналот Youtube, на кои може да се слушнат разговори меѓу Зоран Милески- Кически и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, снимени пред првиот круг претседателски избори во април 2019 година, фрлаат ново светло, врз дел од подземните кампајни кој се воделе за време на претседателските и вонредните локални избори во Охрид!

ЗОРАН КИЧЕВСКИ И СО ВМРО ДПМНЕ , НО И СО СДСМ, ДУПЛИ ИГРАЧ ЗА СИТЕ ГАРНИТУРИ?!

Името Кичевски , во охридскиот регион стана познато за време на локалните избори 2013 година , кога лично тој , по наредба на криминалецот Никола Груевски и „началникот“ Саша Мијалков , ја предводеше параполициската криминална единица во Охрид .Тогаш , Кичевски командуваше директно од канцаларијата на тогашниот началник на СВР Охрид , со криминалците кој добија полициски значки, апсеја , киднапираја, претепуваа и застрашуваа граѓани на Охрид.За време на изборниот процес на локалните избори во 2013 година Кичевски заедно со својата криминална група , буквално ја фалсификуваа вољата на граѓаните на Охрид. По истиот терк настапи како фронтмен за Охрид и Дебарца од ВМРО ДПМНЕ , повторно со своите црни тројки во 2016 година за време на парламентарните извбори , но и за време на локалните избори во 2017 година.И во 2013 година ,а покасно и во 2016 и 2017 година ,главен адут на Кичевски му беше фамозниот Арбен Демировски  Бено сопственик на „Друштво за услуги Б7 Фото и Виедо продукција ДООЕЛ Охрид“,кој игра заендо во танден со сопстевникот на порталите Охрид1 и Скопје1 Љупчо Таневски!?

Доколку добро се преслушаат објавените разговори , многу нешта постануваат појасни.Сталниот криминален играч на 4 последователни изборни циклуси во Охрид , но и на севкупното живеење во Охрид за време на режимот на криминалецот Никола Груевски , Зоран Милевски -Кичевски,како продолжена рака на криминалците од ВМРО ДПМНЕ и во 2017 година ,а и за време на престедателските и предвремените локални избори во Охрид ,се појавува како играч и за потребите на ВМРО ДПМНЕ , но и за потребите на СДСМ , повторно како лик ,кој ги комадува „циганите“ во Охрид ,оние кој Гордана Јанкуловска ги вадеше за уши ,но трет пат редоследно со фамозниот Бено Арбен Демировски?!

ЃОКО ТАНАСКОВСКИ ГО ДОНЕЛ БЕНО ВО СДСМ КАКО ГЛАВЕН АДУТ , НО И ОРГАНИЗИРАЛ СРЕДБИ СО ЗОРАН МИЛЕВСКИ-КИЧЕВСКИ.

Доколку добро се преслушаат објавените разговори од средбите меѓу Зоран Милески Кичеец, Христијан Мицкоски и третата женска личност која е присутна на средбите и која се вметнува во разговорите, за кои редакцијата ОхридСкај го знае нејзиниот идентитет, во смисол на блискост со претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кое лице е вработено во приватната клиника на Орце Камчев, Систина, тогаш јасно може да се увиди и дирекна замешаност на обвинетиот во „Империја“ – Орце Камчев?!

Но, доколку се погледне добро резултатот од претседателските избори во Охрид и доколку се направи компарација во двата изборни круга на предвремените локални избори во Охрид, на кандидатите од СДСМ – Пендаровски – Горѓиевски, јасно ќе се увиди дека гласачкото ткиво во Охрид дава помалку гласови за кандидатот за претседател од редовите на СДСМ, Стево Пендаровски, и тоа некаде во првиот круг е 1.800 гласови, додека во вториот круг разликата паѓа на 1.000 во однос на гласовите кои ги освоил кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ, Константин Георѓиевски?!

Но, немал само Христијан Мицковски преговори и разговори со Зоран Милевски Кичеец! Редакцијата ОхридСкај добро знае и поседува докази од преговори и разговори кои ги организирал директорот на царинската управа на РСМ, Ѓоко Танаскоски, со тогашниот кандидат, а сега градоначалник на Охрид, како и со раководството на СДСМ Охрид, предворено од Лазе Танески. Уште во 2016 година, за време на парламентарните избори, Танаскоски го носи во просториите на СДСМ, локалниот играч по криминална линија на Зоран Милески Кичеец, извесниот Арбен Демироски – Бено. Тогаш Танаскоски го убедува раководството во Охрид дека фамозниот Бено ги има под целосна контрола и дека тоа лице ги контролира сите гласови „на џупците“ во Охрид?! Доколку добро се преслушаат објавените разговори на Јутјуб каналот на средбата меѓу Кичевскиот и Христијан Мицковски, може јасно да се увиди фактот дека царинскиот директор Џоко Танаскоски буквално не контролирал ништо во Охрид, а уште помалку го контролирал Арбен Демироски – Бено.

На предвремените локални, а и претседателски избори во 2018 година, Џоко Танаскоски организира средба меѓу Зоран Милески Кичеец, Лазе Танески и тогаш кандидатот за градоначалник, а денес градоначалник, Константин Георѓиески. И на двете средби донесен е истиот заклучок, а тоа е дека ниту Лазе Танески, а ниту Константин Георѓиески не разбрале буквално ниту буква од разговорот кој го имале со Зоран Милески Кичеец, од причина што и на двете средби истиот само неразговетно мумлал, правел гримаси и на крај му рекол: Ќе победите?!

Но, она што се провлекуваше за време на сите изборни циклуси на крај, единствен профитер испадна Милески Кичеец и Арбен Демироски- Бено, кои заедно настапуваат со сопственикот на порталите Охрид1 и Скопје1, кои добиваат месечни награди од општина Охрид и јавните претпријатија од Охрид, заедно сплотени на три фирми, фантастични над 300.000 денари месечна награда за наводни, фиктивни огласи и соопштенија?!

Како и да се заврти задникот на народот е стално позади, да живее квази елитата предводена од глуперди и дневни преваранти, но така ќе биде се додека дебили одлучуваат за интересите на народот.

Сашо Денесовски-Лично

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Тринаесет членки на ЕУ бараат да се отворат преговори со Македонија и Албанија

saso user

Црквата ги обвини верниците за збиената литија во Струга

saso user

ВО ЖИВО: Прес-конференција на министерот за здравство, Венко Филипче

saso user