Видео Здравје Македонија Топ вести

(Видео&Галерија)Нова голема донаторска акција на Винарија „Лозар“Велес на алкохол за медицински потреби за здравствените установи во државата

Винаријата “Лозар“ Велес и г-дин Благоја Механџиски  во организација на СОС БАЛКАНМЕДИА и ЈП „Охридски Комунелц“ од Охрид, со нови донации на алкохол за медицицински потреби за здравствените установи во државата,каде во овој момент алхохолот преставува основно неопходно  и дефицитарно средство за дезинфекција.

200 литри алкохол за медицински потреби бе донирани на ЈЗУ Општа Болница “Борка Талески“ во град Прилеп, кој град беше еден од жариштата каде беснееше невидливиот непријател Kovid 19. Донацијата ја прими градоначалникот на Општина Прилеп доктор Илија Јовановски во присуство на директорот на ЈЗУ Општа Болница “Борка Талески“ д-р Драги Богојески.

Градоначалникот на општина Прилеп д-р Илија Јовановски, изрази посебна благодарност до Винарија „Лозар “ Велес, господинот Благој Механџиски, и организаторите СОС БАЛКАНМЕДИА и ЈП “Охридски Комуналец“, при што истакна:

  – „ Сакам да упатам благодарност до бизнисменот Благоја Механџиски и Винаријата „Лозар“ од Велес ,заедно со СОСБАЛАКАНМЕДИА Охрид и ЈП Охридски Комуналец , кои што заедно донираа 200 литри алкохол 76% за намена и корист во Општата боница во Прилеп. Во ова време на Корона Вирус, Ковид 19 кога најмногу ни е потребно дезинфиционо средство, мислам дека во право време на вистинско место оваа донација ќе биде упатена и сигурен сум ,дека задоволството ќе биде најмногу за вработените во Болницата, а уште повеќе на пациенттие на кои вистински им е потребен“,истакна градоначалникот на Општина Прилеп Д-р Илија Јовановски.

 

-700 литри алкохол за медициснки потреби беа донирани и на Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје, онаму каде во овој момент е најпотребен , кај оние херои  кој ја пишуваат новата историја на македонското здравство.Донацијата од 700 литри алкохол за медицински потреби наменет за Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје ,ја прими раководителката на клиничката аптека  на Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје Мирјана Пехчевска.

 

  • 50 литри алкохол за медицински потреби беа донирани и во општата болница „ Д-р Русе Бошковски“ во Ростуше.Донацијата беше примена од страна на директорот на општата болница „ Др Русе Бошковски“ Д-р Омер Дурмиши и господинот Фатон Асани кој има посебни заслуги во борбата против Kovid 19.

 

  • Исто така 50 литри алкохол за медицински потреби беа донирани и во ЈЗУ „Општа Болница“ во Дебар,град кој беше првото регистрирано жариште на Kovid 19 во Македонија.Донацијата ја прими директорот на ЈЗУ „Општа Болница “ Дебар Д-р Баки Алили iи господинот Фатон Асани кој има посебни заслуги во борбата против Kovid 19.
Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Околу 1.814.000 гласачи се запишани за овие избори

saso user

Екс-хрватската претседателка официјално стана дел од Меѓународниот олимписки комитет

saso user

Џафери: Прво ќе се тестирам за корона па ќе закажам седница, да се тестираат сите пратеници за здрави да влезат во Собрание!

saso user