Досие Македонија Топ вести

КАКО (ВЕСЕЛИОТ) НАЌЕ ,НАЦИОНАЛНАТА ТРАГЕДИЈА , СОНУВА ДА ПОСТАНЕ  ВЕНКО?!

-„Блазе си на иној кој бргу ќе полуди,целиот живот му поминува во веселба – Петар Петровиќ Његош“! Така и техничкиот министер Наќе Чулев , теледиригиран од „Белиот Дворец“, во последните денови ,а посебмо дненес , постана експерт и по Фонензика??!!Чулев најнапред залутан во водите на разузнавањето (диригиран од менторот Синиша Алексовски),сега залутан до крај во министерството за внатрешни работи.

КАКО (ВЕСЕЛИОТ) НАЌЕ СОНУВА ДА ПОСТАНЕ  ВЕНКО?!

Денес ново поставениот резидент од криминалната „Бела Палата“ во Владата на Северна Македонија „Испектор Мамли“,алијас технички министер Наќе Чулев, на целата македонска јавност,обзнани ,дека според податоците од истрагата кој ги спровел неговиот тим (се експерт до експерт за криминал ,сам по себе )и според сознанијата кој ги добил Наќе,а во врска со случајот на  починатите мајка и син во Велес, лицата според „експертот“ Мамли починале при крајот на Јануари или почеток на февруари!? Според „експерт Мамли“ , министерот за здравство Венко Филипче и Институтот за судска медицина , во јавноста изнеле неточни информации,а релевантни имформации од тимот на „експерт Мамли“ , точно и прецинсо знаат кога е временскиот период кога починале мајката и синот во Велес , на основа на непобитни факти,како што се кога престанале телефонски да комуницираат , кога престанало како што изнесе експерт “Мамли“ , престанале да користат замислите „Електрична струја“(на оваа дефиниција на Наќе,може да му позавиди и Никола Тесла и да побара ремонт врз неговото тело), дури се отишло во истрагата до таа мера ,да Наќе и неговите „експрти“ со точност утврдиле и кога престанале да користат Вода?!! Во прилог на погоре изнесеното , во обзир „експертите “ на Мамли ја зземале во предвид и изјавата која ја дал и ОСЛ кој вршел увид во станот на почонатите ,а кој се испоставило дека бил Корона Позитивен случај!?

Но „експерт Мамли“, ги побил сите досега воспоставени дефиниции на науката под име Форензика и , секако ваквата изјава и тврдења на „експерт Мамли“, треба во целост да ја поништат Форензиката како научна дисциплина Судска медицина (позната и како форензика) претставува примена на широк спектар на науки со цел да се решат прашања од интерес на законскиот систем.Но сега Форензиката , според „експерт Мамли“ се побива во целост, сега имаме нова светска дисциплина за примена на широк спектар на науки со цел да се решат прашања од интерес на законскиот систем, наречена „Бел Дворец на ВМРО ДПМНЕ“ и „експерт Мамли“….

Според Наќе Чулев , министерот за здравство и Институтот за судска медицина , изнеле невистини за терминот на постаната смрт на мајката и синот во Велес и дека МВР ќе продолжела со понатамошна истрага!!

Според досегашната пракса секаде во светот ,а и во Македонија Институтите за судска медицина , каде се вработени Лекари Специјалисти по судска медицина (Комплексна гранка за Наќе Чулев),преставуват единствени експерти кој форензички можат да дадат соодветно научно мислење за прифатените научни методи и норми според кои фактите кои се однесуваат на некој настан, артефакт или некој друг физички предмет (на пример тело или труп) се пошироко прифатени и одредувањето дали некој предмет е тоа што треба да биде или е наведен како суштество го вршат елементи надвор од законскиот систем.

Доколку се водиме од „експерт Мамли“ и неговите изјави со кој ги побива во целост релевантните иснтитуции ,во наведениот случај Институт за судска медицина и Министерство за здравство, тогаш отворено се поставува прашањето , што со оние случеви кој досега ги вештачел Институот за судска медицина?! дали во тие случаеви ,каде имаме лица кој се осудени и излежуваат казни затвор за сторени тешки злосторства , држават според Наќе , треба ем да им се извини, да ги ослободи и да им плати тешки надоместоци ,за тоа што според Наќе ,Институтот за судска медицина не бил стручен , туку стручен е „експерт Мамли“ и неговите советници?!!

Ваков дилетантизам , нестручност, не заслужува да се нарекува Министер ,макар и технички и ваква личност да биде член на Влада,ма која и да била , во која земја и да е’, зошто ваквите глупави изјави пред телевизиски аудиториум , пред јавност ,само ја докажува колку тоа глупоста нема граници! Во право бил Петар Петровиќ Његош, добро тоа го опишал во неговата мисла :„Блазе си на иној кој бргу ќе полуди,целиот живот му поминува во веселба“, но веселбата на Наќе , преставува национална трагедија.

Сашо Денесовски-Лично

 

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Дури 134 заболени од морбили, најмногу на удар постарите од 30 години

saso user

Околу 200 луѓе ќе одат во групен карантин на Криволак

saso user

Ниту Камчев ниту тестови, што правиме со криминалната продажба на Специјалната детска болница во Охрид?!

saso user