Досие Здравје Македонија

Венко Филипче човек кремен камен карактер, човек кој никогаш не ја наведнал својата кичма и во најтешките моменти за својот народ.

На 9-ти јануари 2020 година ,свеските медиуми објавија :-„Мистериозна форма на запаление на белите дробови е дијагностицирано кај повеќе од 50 луѓе во Вухан, еден од најголемите кинески градови, а причината би можела да биде корона вирусот“. Појавата на коронавирусот во Вухан ,веднаш створи аларм во СЗО , но Кина тогаш не прифати меѓународна кспертска група , да ги утврди причините и потеклото на вирусот ,кој предизвикува голема смртност и широка трансмисија кај населението.

Коронавирусите се вируси од потсемејството Orthocoronavirinae, семејство Coronaviridae и род Nidovirales.Тие се создадени во еден синџир, со позитивно насочен РНК геном и спирално симетричен нуклеокапсид. Големината на геномот е измеѓу 26 и 32 килобази , најголема кај некој РНК вирус. Коронавирусите биле откриени во 1960-тите години, но нивната историја датира уште пред нашата ера.

Името „коронавирус“ доаѓа од латинскиот збор corona, што значи „круна“, и што се однесува на карактеристичниот изглед на честичките на вирусот.

КОГА ВО МАКЕДОНИЈА СЕ КРЕНА АЛАРМОТ ЗА ЗАШТИТА НА ГРАЃАНИТЕ ОД КОРОНА ВИРУСОТ?

Во јануари емсец 2020 година ,министерот за здравство на РСМ Др Венко Филипче , при посета на новоотворениот Центар за Аутизам при ЈЗУ Општа Болница – Охрид , запрашан од новиниратите за црвениот аларм кој доваѓа од Вухан -Кина , во врска а во врска со големиот број на заразени со Корона вирус во Кина ќе истакне:

  • „Перманентно ги следиме извештаите кој доваѓат од Кина.Она што научивме од минатото е фактото дека корона вирусите мутираат, до сега ги имавме САРС ,МЕРС, кој имаа голема смртност на светско ниво .Ние како држава мора да се спремаме дека ќе се соочиме со нешто непознато за науката.Коисијата за заразни болести при Министерството за здравство будно ги следи случувањата во Вухан и стручните извештаи кој доваѓаат од нашите колеги од Кина и од СЗО со кои сме во перманентна комуникација “, ќе истакне Венко Филипче во јануеари месец при негова службена посета во Охрид.

Во месец февруари 2020 година ,кога во реонот на Калабрија во Италија се појави пандемија со Корона Вирус, веќе беше јасно дека појавата на нов вид на Корона Вирус во светски рамки , преставува опасна закана за човештвото.Министерството за здравство и министерот Венко Филипче имаа интензивни контакти со своите колеги од Кина , Италија и СЗО. На 15- ти февруари министерот за здравство Венко Филипче издава интерна наредба до сите здравствени институции во РСМ, да ги прилагодат своите капацитети за постапување во можни услови на пандемија од коронавирус, како и да се подигне степенот на подготовки на здравствените институции на највисоко ниво.

ФИЛИПЧЕ РАЗМИСЛУВА ПРЕД ОСТАНАТИТЕ, ВОНДРЕДНА СОСТОЈБА ВО СИТЕ ЗДРАВСТВЕНИ ИНСТИТУЦИИ ВО РСМ.

По појавата на првиот случај на заболен од Корона вирус во Македонија на 26 фефруари 2020 година , кога пациентка која 1 месец била во критичниот регион во Италија ,а која 2 недели била болна , која пациентка во 03 часот била хоспитализирана на Клиниката за инфективни и фебрилни болести и сместена во одделот за изолација .Според Филипче , тогаш, пациентката не претставувала опасност затоа што според епидемиолошките анализи и нејзините одговори на прашањата укажале дека веќе еден месец била во Италија две недели е болна.

Она што мора посебно да се истакне, преставува фактот што по наредба на министерот Филипче веднаш се поставени термални камери на скопскиот аеродром , но и на сите гранични премини во РСМ ,граничната полиција и царината добиваат напаствија ,како со соодветни прашалници ги дочекуваат сите патници кој влегуваат или транзитираат низ РСМ, мерка која преставуваше корисен момент за соодветна заштита на граѓаните на македонија од Корона вирус.

  • На 11 Март Светската здравствена организација им порачува на владите дека е време за агресивни мерки сега откако ширењето на коронавирусот во светот достигна ниво на пандемија. Директорот на СЗО Тендрос Аданом Габриезус изјави дека со прогласувањето на пандемија, сите земји се повикани да разработат механизми за одговор при итни случаи.

Дел од мерките кои СЗО ги препорача со прогласувањето ан Пандемија, Минситерството за здравство на РСМ и министерот Венко Филипче веќе ги применуваа 30 денови наназад.

Тогаш минситерот Филипче истакна дека Корона вирусот не е шега и упати апел до сите граѓани во РСМ да се однесуваат согласно препораките , дека човештвото се навоѓа пред сериозен предизвик за свој опстанок и дека единствен метод да се спречи трансмисијата,е намалување на социјалната комуникација на населението во Македонија, која мерка допринесе корона вирусот да има најмала трансмисија помеѓу населението .

Мерките кој ги спроведе Венко Филипче ,а и владата на РСМ , имаа најголем допринос во зачувување на здравјето на наслението.

Следуваа мерките на прогласување на најголемото жариште Дебар и Центар Жупа во Карантин , мерка која во голема мерка допринесе за спречување на трасмисијата на Корона вирус во Македонија.Последователните мерки на затварање на угостителските објекти , казината, обложувалниците и моловите , преставуваа клучна мерка во право време за спечување на ширење на пандемијата на корона вирус во Македонија.Колку во тие моменти да звучеа непопуларни мерките кој ги предложи Филипче , вклучитечно и воведување на полициски час, во суштина тие мерки ,преставуваат единствен спас за граѓаните на Македонија.Факт ,преставува дека сите повлечени потези од страна на мимистерот Филипче , беа донесувани навремено или сите тие доваѓаа по проценка на Филипче и неговиот тим , знаејќи добро Филипче ,дека воведувањето на вакви мерки се единствениот спас за македонскиот народ и заштита на севкупниот систем на државата, пред е здравствениот систем ,кој доколку бројките на ширење на заразата со корона вирус одат по пат на одложување на екстремен пик ,како што беше во други држави , истита крива да има линеарен мал пораст , со што се дава можност на здравствениот систем да пружи најдобар третман на заболените лица, наместо да се случи здравствен колапс , по примерот на многу држави како што се Италија, Шпанија, Швајцарија , америка итн.

МНОГУ БИЗНИС ИГРИ НА ШУТЕВИ ПРОФИТЕРСКИ,АМА ЕДЕН Е ВЕНКО ФИЛИПЧЕ.

Во време кога беснееле ратови , пандемии , во такви временина се јавувале и оние врсти на профитери ,кој сокривајќи се зад навоен химанизам , на повидок ги вајѓале нивните изопачени нечовечки вредности! Веднаш се појавија оние „експерти“ по се и сешто, па така наеднаш започнува хајката врз Филипче , која секако нема никаков основ , а која хајка беше онаа за наводни ПЦР тестови? Се користеја разни методи на синхронизирани напади , посебно на медијумска -профитерска -политичка метода ,Филипче јасно им даде до знаење на профитерите ,дека нема да дозволи македонскиот народ да биде заложник на една приватна болница ,чиј тестови се далеку од оние релевантните, и со тоа да прават лажна слика помеѓу народот ,а со која метода имаат само личен профит , на терет на здравјето на граѓаните.Филипче одмерено и сталожено на сите прес конференции одговараше на прашањата на политичките папагали , на разно разни глупави прашања, дури и на она прашање на глупавиот „новинар“ дали можеле граѓаните да реновираат ви време на пандемија со корона вирус(Ме чуди зошто ЗНМ и СЕМ не го осудија ваквото дилетанство во своите редови?).Од друга страна политичките профитери од белата палата на ВМРО ДПМНЕ бараа оставка од Филипче . дури тие имале свој тим на лекри ,кој можеле да се справат со корона вирусот ,кој лекарски тим на ВМРО ДПМНЕ бил спремен по барање на државата да го стават на располагање на здравствениот систем?! Каде работат овие вмросвски лекари?Во кој систем , во системот во Никарагва??!!

Венко Филипче , преставува херојот на понивата македонска историја, човек кремен камен карактер, човек кој никогаш не ја наведнал својата кичма , човек кој со златни букви ќе биде врежан во историјата на Македонија,како човек кој ја претводеше нацијата кон големата борба со непознатиот непријател.Во најтешките моменти во ситоријата на Макеоднија , Филипче крајно транспарентен, отворен за сите новинари , за сите граѓани, со своите секојдневни брифинзи , докажа како треба да се однесува еден носител на јавна функција, докажа како со транспарентноста и отвореноста спрема својот народ , може да се создаде доверба пред својот народ , за да те почитува и ги почитува мерките кој министерството ги донесува за доброто на својот народ.

Сашо Денесовски

 

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

„Водовод и канализација“ нема да ги чита водомерите и нема да исклучува

saso user

Респираторите од ЕУ ќе бидат распределени на Инфективна и во ГОБ „8 септември“

saso user

„Титаник 3“ ќе продолжи на 17 април

saso user