Видео Македонија Топ вести Урбани вести

(Видео&Галерија) Голема донаторска акција на Винарија „Лозар“ Велес на алхохол во Охрид за потреби на здравствените центри во Западна Македонија

Денес во хируршкиот комплекс при ЈЗУ „Општа Болница“ Охрид се оддржа голема донаторска акција на Алхокол за медицински потреби. Алкохолот ,кој во овие моменти на пандемија со Kovid 19 преставува еден од дефицитарните дизифисиенси , во организација на градоначалникот на Охрид г-ди Константин Георгиевски,СОС Балканмедиа, ЈП Охридски Комуналец и ЈЗУ Општа Болница Охрид, беше побарана донација од алхохол за медицински потреби од  Винарија „Лозар“ Велес во сопственост на г-дин Благој Механџиски.

Винарија “Лозар“ Велес и г-дин Благоја Механџиски донираа 3.000 литри алхохол за медицински потреби за потребите на сите здравстевни центри во РСМ ,каде во овој момент алхохолот преставува основно неопходно средство за дезинфекција.

Денес ,во присуство на градоначалниот на Охрид  г-ди Константин Георгиески и директорите на здравствените центри во југозападниот регион на Северна Македонија,се предадоа првите количини на алхохол за медицински потреби и тоа на :

1.ЈЗУ Општа Болница Охрид

2.ЈЗУ Специјална болница за лекување на кардио васкуларни заболувања Свети Стефан Охрид

3.Здравстевен дом- Охрид

4.ЈЗУ Општа Болница -Струга

5.ЈЗУ Здравстевн Дом- Вевчани

6.ЈЗУ Здравстевн Дом- Ресен

  1. Клиничка Болница Др Трифун Пановски – Битола

Свое обраќање на настанот има градоначалникот на Охрид г-дин Константин Георгиевски, директорот на ЈЗУ Општа Болница Охрид др Горан Балески, шефот на кризниот штаб при ЈЗУ Општа Болница Охрид  Др. Диал Аголи и претседателот на СОС Балканмедиа од Охрид .

Воедно,голема благодарност до министерот за здравство Др венко Филипче и премиерот на РСМ Оливер Спасовски , кој овозможија да се реализира донацијата од алхохол за медицински потреби.

Градоначалникот на Охрид г-дин Константин Георгиевски , изрази голема благодарност до гпдин Благој Механџиски и Винарија „Лозар“ Велес за нивната голема донација и големата поддршка кој гопсодинот Благој Механџиски и компанијата „Зегин“ ја дават во овие тепки моменти на борба со Kovid 19.

Директорот на ЈЗУ Општа Болница Охрид Др Горан Балев, исто така изрази голема благодарност до Г-дин Благој Механџиски и Винарија „Лозар“ Велес , за големите донации кој г-дин Благој Механџиски ги дава на охридската болница, но посебен акцент стави на донираниот алхохол , кој преставува најдобар дезивициенс и е неопходно потребен во работатат на здравствените изнситуции во државата.

Како се одвиваше донаторската акција од приложениот видео запис.

Ова е организација на Општина Охрид по барање на ЈЗУ Општа болница. Имено, вкупната донација која ја дава Лозар Велес, господинот Благоја Механџиски преку невладината организација СОС Балканмедиа и Охридски комуналец е 3 илјади литри за потребите на сите здравствени центри во регионот, денес утре и задутре ќе се дели на здравствените домови во Вевчани, Охрид, Општа болница Струга, Коснозглобна, Кардиолошки центар, Клиничка болница Битола и Здравствен дом Ресен. Имено, ова е идеја на градоначалникот Георгиески и директорот на Општа болница Горан Балев. Донациите кои ги има господинот Механџиски во ова време на COVID-19 се многу големи и за Општа болница и на ниво на Македонија. Имаме илјада литри за Инфективна клиника во Скопје, 500 литри за Општа болница Куманово, болниците во Тетово и Гостивар ќе добијат по 300 литри, како 300 литри во болницата во Дебар и Ростуше. Со ова да заокружиме еден процес на мала помош на сите здравствени домови со медицински алкохол кој е неопходен во овој момент, како најдобар дезифициенс.“ – изјави Сашо Денесовски, претседател на Здружението „СОС Балканмедиа“.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Убедливо водство на кандидатот на СДСМ за градоначалник на Охрид, Константин Георгиески

saso user

Пендаровски и Ѓурчиновски во посета на јужната граница

saso user

Извадок на дел од дневни настани на МВР за ден 14.09.2019 година

saso user