Досие Здравје Македонија Топ вести

(Галерија)Венко Филипче, внук на револуционери и химанисти, син на врвни доктори,кој е Венко Филипче од друг агол!

Кој е доктор Венко Филипче кој во најтешките моменти во историјата на македонскиот народ го води здравствениот систем .Она што до сега не сте го знаеле , ОхридСкај ќе се обиде да ја опише фамилијарната лоза на Венко Филипче во кратки црти.

Венко Филипче потекнува од стара охридска револуционерна фамилија.Малку се знае ,дека неговиот прадедо Иракли Филипче ,беше најбогатиот човек и хуманист во постарата историја на Охрид.Иракли Филипче бил чувар на Охридските скапоцености во една од седумте регии во стар дел на Охрид попозната како Пандонос, Иракли Филипче имал многу деца со својта сопруга Афродита ,која била од старата охридка фамилија Снегаровци.Иракли помеѓу старите охриѓани , тогаш се истакнувал со голем Хуманизам , помагал и ги вдомувал сите сираци и стари лица во стариот дел на Охрид. Иракли Филипче во 1903 година ,заробен е од страна на турскиот аскер и на пат до Битолскиот затвор починал.Иракли Филипче  погребан е од страна на жителите на стариот дел на Охрид,Варош со сите народни и верски почести во дворот на Црквата Света Богородица Перивлепта во Охрид .Во бракот помеѓу Иракли Филипче и Авфордита се родиле и синовите Ставре Филипче и Никола Филипче.Никола Филипче бл оснивач на ТМРО , учител и личен пријател со тогашниот висок преставник на Европа во Макеоднија  Еторо Лоди. Никола Филипче умира млад од колера која го зафајќа Охрид .

Поставуваме фотографија од гробот на прадедото на Венко Филипче , Иракли Филипче во дворот на Црквата Света Богородица Перивлепта во Охрид ,која настанала во 1915 година , на кој гроб седат двајца бугарски војвници,а во позадина на влез во црквата се наоѓаат свештеници:

Венко Филипче е син па познатиот доктор Академик Илија Филипче кој е роден на 28 јули 1946 во Охрид, во Варош веднаш до соборниот Храм Света Софија ,македонски лекар, научник и професор од областа на оториноларингологијата и медицинските науки.Љубовта кон медицината Венко Филипче ја наследил од неговиот татко Илија Филипче и неговата мајка Мими.Илија Филипче е син на Ставре Филипче, правник , познат револуционер,учесник во НОБ, кој после војната 1945 година постанува Судија , кој има напишано бројни стручни трудови од областа на правото.Зетот на Ставре Филипче Ото Главаш е основоположник на пост воената Оториноларингологија.

Мајката на Венко Филипче Мими Филипче исто така е познат доктор ,но потесната фамилија на Филипче буквално преставува фамилај од научници во многу познати области.За фамилијата Филипче во една мала книга за старите фамилии во Охрид , посветени се 290 страни.

Венко Филипче дипломира на медицинскиот факултет во Скопје во 2001 година, а во 2008 ја завршил специјализацијата по неврохирург.Како одличен студент избран е за асистент на медицинскиот факултет во Скопје во 2004 година.

Магистериумот по неврохирургија го одбранил во 2011 година, а докторската дисертација во 2015 година.

Во 2017 е избран за Доцент на медицинскиот факултет.

Во текот на својата работа се усовршувал во неврохируршки центри во Грац, Белград, Дејтон, Колумбус, Истанбул, Цирих.

Филипче во неговото усовршување , најповеќе престојувал во САД во Колубос -Сојузна држава Охајо.Венко Филипче таму огромни знаења во престижната клиника за микрохируршка невроанатомија, под водство на Др Алберт Лорен Ротон Јуниор(18.11.1932 година – 21 февруари 2016 година) . Др Алберт Лорен Ротон Јуниор беше најдобриот американски неврохирург и професор специјалист за микрохируршка невроанатомија на престижниот Универзитет во Колумбос САД.

На приложента фотографија Др Венко Филипче во друштво со најдобриот американски неврохирург и професор Др Алберт Лорен Ротон Јуниор :

Филипче во 2012 година завршува fellowship по интервентна неврорадиологија со што станува првиот неврохирург во Македонија и околните земји кој ја основа хибридната неврохирургија на матичната клиниката во Скопје.

Свои публикации има објавено во повеќе домашни и странски списанија во областа на неврохирургијата.

Д-р Венко Филипче е и секретар на Македонското неврохируршко здружение како и член на извршниот комитет на Здружението на неврохирурзи на Југоисточна Европа, а во 2016 бил организатор на Македонско-Јапонската невроваскуларна конференција.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Ципрас: Грција и Романија ја поддржуваат европската перспектива на Северна Македонија

saso user

Се одбележува на 1 мај

saso user

Босанец ја откри вистината за Корона Вирусот,а и за другите глобални светски вируси.!!!

saso user