Бизнис

ФЕД со 2,3 трилиони долари ќе ја поддржи економијата

Федералните резерви на САД резервите најавија уште еден пакет за финансирање, обезбедувајќи 2,3 трилиони американски долари за поддршка на американската економија во екот на пандемијата на коронавирусот.

Програмите имаат за цел да им помогнат на деловните субјекти, домаќинствата и државните и локалните власти кои се соочуваат со финансиска криза, бидејќи голем дел од економијата е затворена.

– Улогата на Федералните резерви е да обезбеди што е можно повеќе олеснување и стабилност во овој период на ограничена економска активност. Нашите активности денес ќе помогнат да се осигураме дека евентуалното закрепнување ќе биде што е можно поенергично – изјави претседателот на Федералните резерви Џером Пауел.

Мерките вклучуваат промени и проширување на постојните програми, како и нови пристапи.

Според Фед, програмата поддржува фирми „кои биле во добра финансиска состојба пред кризата, и предлага четиригодишни заеми на компании во кои работат до 10.000 работници или со приходи помали од 2,5 милијарди долари. Главните и каматните плаќања ќе се одложат за една година .

Министерот за финансии Мнучин изјави дека програмата „ќе донесе значителни промени за 40.000 средни компании во кои работат 35 милиони Американци“.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Грантови на Фондот за Западен Балкан за четири невладини организации од земјава

saso user

Тим од министри ќе ги билда капиталните инвестиции

saso user

Ќе се укинат патарините за камиони и за автобуси?

saso user