Свет

Саудијците и Русите се договорија, скокна цената на нафтата

Саудиска Арабија и Русија постигнаа договор за нацрт-договор за намалување на производството на нафта во обид да го спречат колапсот на пазарот на „црното злато“ предизвикан од пандемијата на ковид-19.

Цените на нафтата, по оваа вест, се зголемија за 12 проценти.

– Двете земји се чини дека ги закопаа несогласувања што доведоа до голем суфицит во снабдувањето со нафта – пишува Блумберг, повикувајќи се на изјави на неименувани делегати.

До доближувањето на ставовите дошло непосредно пред почетокот на вонредната виртуелна средба меѓу Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници.

Според извештаи на некои светски агенции, цените на суровата нафта пораснаа за 12 проценти по вестите дека ОПЕК и најголемите производители, со Русија на чело, се договориле да го намалат производството за 20 милиони барели на ден.

Цената на американската сурова нафта WTI порасна за 12 проценти на 28,36 долари за барел, додека северноморската нафта „брент“ порасна за 8,5 проценти на 35,79 долари за барел.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Германска јавна куќа на суд поради своето име

saso user

Во Брисел приведени околу 300 демонстранти од „Екстиншн ребелион“

saso user

Македонски иселеници во Мелбурн запалија макети од Заев и Шекеринска

saso user