Сцена

Почина младата манекенка и пејачка: Во своите песни зборувала за смртта

Чајна,  хип-хоп музичарка во подем, која ја започна својата кариера како модел, а потоа се истакна и со талентот за музика, почина во родната Филаделфија во средата, потврди нејзиниот менаџер Џон Милер, додавајќи дека причината за смртта сè уште не е позната.

Чајна имаше само 25 години.

Раперката беше позната по својата соло работа, но и по соработката со хип-хоп колективот АСАП Моб, а честопати зборуваше за смртта во своите песни.

Веста за нејзината смрт го шокираше светот на хип-хоп музиката, при што многумина се збогуваат од неа на социјалните медиуми.

– Таа беше исклучително инспиративен и уникатен уметник и личност – рекол Милер.

Чајна започнала да се занимава со моделство на 14-годишна возраст, откако била откриена од агенцијата „Форд моделс“, за која работела три години. Кога имала 15 години, Чајна на Твитер го контактирала раперот АСАП Јамсу и го замолила за соработка. Почнала да објавува песни и да настапува со екипата АСАП Моб.

Нејзините песни се преслушани милиони пати на музичките платформи SoundCloud и Spotify, а меѓу нејзините хитови се наоѓаат „Selfie“ и „Glen Coco“.

ФОТО: Инстаграм/Принтскрин

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Мустафа Надаревиќ откри дека боледува од рак на белите дробови, а испрати порака до пушачите

saso user

Ненадејно почина австриската принцеза на 31 година ФОТО

saso user

Била во војска и има свој празник: Седум работи кои можеби не ги знаете за Ријана

saso user