Сцена

Од коронавирус почина актерот од „Полицаецот од Беверли Хилс 2“

Холивудскиот актер Ален Гарфилд, на повеќето им е познат по улогата во „Полицаецот од Беверли Хилс 2“, почина на 81-годишна возраст од последици предизвикани од заразата со коронавирусот.

Веста ја потврди актерката Роне Блекли, која ја играше неговата сопруга во „Нешвил“ (1975), и која се збогува со него на Фејсбук.

Гарфилд глумеше уште од крајот шеесеттите години, а беше познат по тоа што често играше корумпирани и злобни бизнисмени и политичари. Меѓу филмовите во кои глумеше се истакнуваат и „Банани“ на Вуди Ален, „Прислушкување“ на Френсис Форд Копола и „Деветтата врата“ на Роман Полански.

Тој последен пат се појави во филмот „Chief Zabu“, кој беше објавен во 2016 година, но беше снимен во 1986 година.

Пред да стане актер, Гарфилд беше аматерски боксер и работеше како спортски новинар.

FOTO: Paramount Pictures/Printskrin

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Депардје се извлече француското обвинителство го отфрли обвинението за силување

saso user

Марина Абрамовиќ ја спасила Леди Гага од пеколот на дрогата ФОТО

saso user

Еминем: Шмркав хероин и пиев 30 таблети дневно, ме спаси Елтон Џон

saso user