Балкан

Оди ли Вучиќ во самоизолација?

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера соопшти дека неговиот син Данило е позитивен на коронавирусот, па српските новинари на денешната прес-конференција во Белград ги прашаа здравствените власти дали протоколот за изолација ќе важи и за шефот на државата, како и дали Вучиќ ќе биде тестиран и ќе помине 14 дена во самоизолација.

Одговор на ова прашање даде д-р Дарија Кисиќ Тепавчевиќ, која истакна дека протоколот важи за сите и дека вирусот не прави селекција.

– Протоколот е ист за сите, вирусот не прави селекција. Каква е процедурата зависи од тоа дали личноста била во близок контакт со заразен пациент. Во таа насока се прават сите натамошни процедури. Во случајов сè зависи од тоа дали претседателот бил во контакт со својот син во периодот на заразата – изјави Тепавчевиќ.

Според последните информации, во последните 24 часа во Србија се регистрирани 201 лица, а вкупно се позитивни 2.867 луѓе. Тестирани се 1.586 лица од кои 201 се позитивни. Хоспитализирани се вкупно 1.709 пациенти, а на респиратори се наоѓаат 127 лица.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Која е новата претседателка на Грција?

saso user

Вучиќ: Да им ги броиме ли нивните црвени крвни зрнца?

saso user

Младите Македонци од Мала Преспа бараат забава и работа во Македонија

saso user