Сцена

Нови шокантни тврдења: Амбер Херд му го отсекла прстот на Џони Деп ФОТО

Холивудскиот актер Џони Деп раскажал дека за време на големите расправии, неговата поранешна сопруга Амбер Херд, со која во моментот се суди, му го отсекла прст, од кој му прскала крв „како од вулкан“.

Кога светот дозна за разделбата на Џони Деп и Амбер Херд, актерот беше соочен со обвиненија дека ја малтретирал поранешната сопруга. Амбер дури сподели и фотографии на кои наводно се гледале модринките кои се последица од насилството на Џони. Но, со текот на времето се дозна дека она што го зборувала Амбер е лага и дека всушност Џони бил малтретираниот во нивната врска.

56-годишниот актер рекол во видео објавено од „Дејли мејл“ дека на повредениот прст прекарот „Малиот Ричард“. Тој тврди дека подоцна ја заштитил својата поранешна сопруга од медиумите и рекол дека го повредил прстот така што го приклештил со вратата. За време на таа расправија, таа, исто така, врз него фрлила стаклено шише вотка кое му го повредило увото, а друго шише се скршило па му го отсекло прстот.

„Прво сакав да го спасам прстот, а потоа морав да се соочам со фактот дека прстот ми го отсече жената со која сум во брак“, раскажува славниот актер.

Спомнатиот напад се случил еден месец по свадбата, во периодот кога Џони го снимал петтото продолжение од „Пиратите на Карибите“ во Австралија.

Џони и Амбер се разделија во 2016 година, а последните неколку месеци ги полнат медиумите со приказни од бракот, од кои некои се многу грди.

 

AS-Source News@ASBreakingNews

@realamberheard (Amber Heard) has reportedly physically and mentally abused , defecated on his bed, put a cigarette out on his face, CUT OFF his finger & repeatedly attacked him.

View image on Twitter

FOTO: Tviter/Printskrin

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Транссексуалката што ќе го отвори Евросонг ќе ги збесни верниците ширум Европа ВИДЕО

saso user

Том Хенкс по коронавирусот: Никој не сака да биде покрај мене, на луѓето им е непријатно ФОТО

saso user

Роберт де Ниро доживеа нервен слом пред судот: Го пцуеше шоферот ВИДЕО

ohrid_user