Сцена

Меган и Хари ги трошат пароте.доколку пандемијата продолжи ќе банкротираат?!

Пред да се омажи за принцот Хари, Меган Маркл заработувала околу половина милион долари годишно како актерка. Нејзината вкупна нето вредност се проценува на околу 5 милиони долари. Принцот Хари пак, тежи пет пати повеќе , а заедно имаат 30 милиони евра.

Неговите пари доаѓаат од различни извори и без оглед дека го напуштија кралското семејство, нешто и натаму ќе добиваат.

Но, откако го напуштија кралското семејство, Меган и Хари почнале да ја планираат својата финансиска независност.

Меѓутоа, сега берзите рапидно паднаа и прашање е кога ќе им се врати вложеното.Бидејќи кралското семејство живее исклучиво од даноци, забрането им е да бидат вработени, но тоа за нив повеќе не важи. Така Меган требаше да почне да работи во Холивуд и да продолжи со актерската кариера, но сега ништо од тоа поради пандемијата со коронавирусот.

Кога ќе се соберат трошоците за дадилки, облека, храна, образование, издатоците се качуваат на околу милион фунти, колку што би можеле да потрошат на Арчи додека тој самиот не почне да заработува.

Хари и меган потрошиле речиси 300.000 фунти за реновирање на куќата. Пред да се вселат во домот во Кенсигтон во собите вложено е околу 3,5 милиони фунти, но денеска повеќе не живеат таму. Рекоа и дека се подготвени со свои пари да подмират дел од трошоците за реконструкцијата, која одела на сметка на даночните обврзници.

Меган во кралската куќа трошела речиси 70.000 фунти или 100.000 евра годишно за облека. Кога лани остана бремена, потрошила уште 50.000 евра за облека за трудници.

Трошат и на патувања. Се одмораа на островот Ванкувер во Канада во раскошен дворец и имот на површина од 10.000 квадратни метри. Но исто така знаеа да уживаат и во Норвешка, во Тромвик, во дрвена куќичка која може да се изнајми за 1.000 евра.

Меган сака здрава хранапа многу пати нагласувала дека сака сама да готви за себе и за Хари. Освен здравата храна, знаат да уживаат и во скапи вина. Нејзино омилено вино е „тињанело“, а шише чини 150 евра.

На крај- речиси 11.000.000 долари го платиле својот нов дом во Малибу, што значи дека веќе поголем дел од нивниот имот е потрошен. Како понатаму ќе заработуваат пари за својот живот на висока нога, треба допрва да се види.

Хари во разговор со директорот на Дизни рекол дека и тој е подготвен да синхронизира филмови за деца и да биде наратор во документарци.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

На Ален Исламовиќ не му дозволија да се качи на авион за Канада ВИДЕО

saso user

Хајли Болдвин „суптилно“ ѝ одговори на Селена Гомез: Ќе те убијам ВИДЕО

saso user

Џенифер Лопез наполни 50 години: Доби „порше“, огномет, луда журка ФОТО+ВИДЕО

saso user