Македонија

Манчевски: Апликацијата за справување со коронавирусот нема допир со личните податоци

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски во емисијата Вин Вин на Телма ја објасни мобилната апликација за справување со коронавирусот и најави дека таа е целосно подготвена.

– Успеавме да најдеме технолошко решение кое ќе го даде потребниот одговор на епидемиолозите со кого сме биле во контакт последните 14 дена, а притоа да не е инвазивно, да нема никаков допир со нашите лични податоци. Секој оној кој ќе ја симне апликацијата ќе му биде генериран сосема нов апликациски број (код) кој нема никаква врска со нас и нашиот датум на раѓање, мобилен телефон, матичен број – појасни Манчевски.

Тоа, додава министерот, е нов код кој досега воопшто сме го немале и кога ќе дојдеме во радиус од два-три метри нашиот мобилен уред ќе ги зачува кодовите на уредите што биле во наш радиус.

– Овие податоци ќе се чуваат само и единствено на нашиот мобилен уред. Нема да бидат никаде предадени. Сите податоци постари од 14 дена, по автоматизам ќе се бришат. Но доколку, се надевам дека не, некој од граѓаните се покаже дека е позитивен на тестот за ковид-19 ќе биде повикан од страна на Министерството за здравство своеволно да ги предаде овие кодови до Министерството. Дури тогаш и само тогаш овие кодови ќе бидат поврзани со мобилните броеви на луѓето кои биле во наша близина, со другите кодови – вели Манчевски, додавајќи оти целта е епидемиолозите подоцна да ги информираат овие граѓани, но и да дадат соодветни насоки за самоизолација.

Тој, додава дека не се користи никаков личен податок и апсолутно можеме да бидеме сигурни дека нема геолокација.

– Подготвени сме група на независни експерти кои се ИТ-експерти, кои би имале пристап до овој код да потврдат дека навистина не се злоупотребуваат личните податоци на граѓаните и тоа е тоа што ќе и го понудиме на јавноста и на експертската фела и кои ќе можат независно да потврдат на граѓаните дека се работи за апликација која не задира во нивната приватност – рече Манчевски.

Апликацијата, најави, е целосно подготвена и таа е достапна само на граѓаните кои имаат паметен телефон (смарт уред) во себе.

Тој додаде дека апликацијата сама по себе ако ги нема другите мерки нема ништо да заврши работа, а ја имплементираат кога евидентирале зголемен број заразени и кога кластерите невозможно е физички да се пратат од здравствените власти.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Чулев за велигденските празници: Организирајте патувања до петок во 16 часот

saso user

Микрофон со лисици на протестот на новинарите пред Обвинителството (ФОТО)

saso user

Во живо , прес конференција на лидерот на СДСМ Зоран Заев

saso user