Бизнис

И сопственици на фирми ќе може земат пари за плати, но не смеат да отпуштат работници до јули

Владата денеска донесе Измена на уредбата за поддршка на работодавачите од приватниот сектор погодени од здравствено економската криза заради исплата на плати за април и мај 2020 година, и со овие измени се трга условот управители и сопственици на бизнисите вработени во истите да не може да ја користат мерката (а во насока на заштита на микро и малите фирми), и се дополнува со условот дека бројот на вработени треба да се задржи 2 месеци по користење на мерката односно до јули 2020 година, информира владата.

Дополнително, беше појаснето дека на оваа мерка компаниите не може да аплицираат единствено за свои вработени за кои се ослободени од плаќање придонеси и персонален данок преку проектите „Македонија вработува” или доколку се одлучат да ја искористат мерката за субвенционирање на 50% од придонесите во вонредна состојба, која е дел од првиот сет на мерки за справување со кризата.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Потпишани протоколите за имплементација на „One stop shop“ на „Табановце“

saso user

Грција оди на предвремени избори на 7 јули

saso user

Брегу за „Мал шенген“: Регионалната соработка има смисла ако има цел интеграција во ЕУ

saso user