Свет

Започнува хаосот во Шведска: Нема прием на возрасни пациенти на интензивна нега

Раководството на една болница во Шведска им нареди на лекарите да не сместуваат пациенти над 80 години кои имаат коронавирус на интензивна нега.

Весникот „Aftonbladet“ пишува дека таков налог дало раководството на Универзитетската болница Каролинска, која е позната на пошироката јавност по научните истражувања.

Во истиот документ, раководството на болницата им наредило на лекарите да не ги праќаат пациентите постари од 60 години на интензивна нега, како приоритет, доколку веќе имале хронично заболување.

Раководството на болницата се соочило со жестоки критики откако им била откриена наредбата на лекарите, а од болницата велат дека медицинските приоритети за интензивна нега секогаш биле утврдени врз основа на шансите дадени на пациентот да се лекува.

– На Интензивна нега не може да се примаат пациенти кај кои нема голема веројатност да преживеат – се вели во соопштението.

Во Шведска, досега се заразени 9.114 лица со корона, а додека 793 луѓе починале.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Земјотрес од 6,2 степени по Рихтер ја погоди Јапонија

saso user

Слободан што си ја уби сопругата: Морав да му се осветам на нејзиниот татко (ВИДЕО + ФОТО)

saso user

Јункер: Договорот за Брегзит важи и за следниот британски премиер

saso user