Македонија

Докиќ: Фатално ќе биде ако луѓето се собираат за верските празници, ќе се зголеми бројот на новозаразени

Пулмологот Дејан Докиќ во денешното интервју на ТВ 24 го објасни процесот на влегување на корона вирусот во човековиот организам. Тој нагласи дека најголем проблем се асимптоматските преносители.

– Кога некој ќе инхалира Сарс ковид 2, во првите 24-48 часа не е заразен за околината, зашто вирусот треба да стигне прво до телесните течности. Подоцна вирусот се размножува во организмот, но не предизвикува клиничка слика, период на инкубација. Ако во тек на 14 дена, не покаже симптоми или не е заразен или е асимптоматски преносител. 20 до 30 посто, нема да развијат симптоми и тие се најголем проблем, бидејќи без да знаат, го шират вирусот. Затоа е социјалната дистанца. Потоа, еден дел ќе поминат со лесни симптоми, како лесна настинка, која ќе ја поминат со чаеви. Полесните кличнички слики може да бидат со лесно покачена температура или без покачена температура.

Но, поголем дел од пациeнтите ќе имаат потешка клиничка слика, слична на грип. Почнува со јака болка во грлото, а потоа и зацрвените очи. Отежнатото дишење е знак дека пациентот почнува да развива пневномија. Најтешката форма е кога пациентот ќе развие акутен респираторен синдром, што најчесто е смртоносно – рече Докиќ.

gragajТој изјави дека не очекува пик на случаи како во Шпанија и Италија во однос на заразени и починати од пандемијата од коронавирусот.

– Тоа нема да се случи кај нас бидејќи се преземени мерки коишто на некој начин пикот ќе го обезглават. Тоа ќе биде повеќе како едно ридче, а нема да биде висока стрмна планина и не очекувам тоа да биде енормен број на пациенти. Тој можеби постепено ќе расте, што значи тој врв ќе биде затапен, не очекувам дека тоа ќе биде проблем и ќе предизвика закочување на здравствениот систем и впрочем тоа е целта на мерките за нашите здравствени капацитети да бидат доволни за да ги примат сите оние на кои им потребна хоспитализација и да имаме доволен број на респиратори за да се спасат животи.Затоа некој драстичен врв јас лично не очекувам – вели Докиќ.

Тој смета дека се очекува тој „затапен“ врв во следните неколку недели и секако ќе зависи од и од престојните верските празници.

– Доколку луѓето се собираат во поголеми групи тоа ќе биде фатално во однос на пренесувањето и тоа може нагло да го зголеми бројот на нови случаи – вели Докиќ.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Ноќеска гореше уште еден автомобил во Штип

saso user

Кирацовски: Кристално чист изборен ден, излезноста 42%

saso user

Димитров и Де Моншален разговарале за добрите билатерални односи

saso user