Свет

Даемс: Со искоренување на коронавирусот не смееме да ја отвориме вратата за орвелскиот личен надзор

Претседателот на парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) Рик Даемс, денес предупреди на опасноста од развојот на иновативни уреди за дигитално набљудување и следење со помош на лични мобилни телефони и сензори за близина, заснована на Блутут технологијата.

– Сѐ додека не се вакцинираат доволен број на луѓе против овој коронавирус, ние мора да го ограничиме неговото ширење. Еден од начините е да се лоцираат и да се следат заразените лица и тие што се сретнале со нив. Но, ова има огромни последици врз приватноста и ќе бара строги регулативи за да се гарантира почитување на човековите права и владеењето на правото  – рече Рик Даемс.

Според него, за среќа, има заеднички европски стандарди во оваа област. „Европската конвенција за човекови права бара мерките за набљудување да имаат правна основа и да бидат неопходни и сразмерни со нивната цел. Автоматското собирање, обработка и чување на податоците мора да ги исполнува стандардите на „Конвенцијата 108+“, што неодамна беше надградена. Државите мора да обезбедат исполнување на овие барања пред да се воведат мерки за следење и пронаоѓање и мора да изградат доверба кај јавноста уште од самиот почеток – советива претседателот на ПССЕ.

– Исклучителните кризи оправдуваат исклучителни мерки, но тие мора да бидат ограничени на целта во однос на обемот и времетраењето и да ги почитуваат основните права. Со искоренување на злото, не смееме да ја отвориме вратата за орвелската иднина на постојан личен надзор, следејќи го секое наше движење за непознати и неоправдани цели  – заклучи Даемс.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Руски хор цел на критики поради сатирична песна за напад врз САД

saso user

Ким Џонг-ун е жив, сечеше лента за нова фабрика?!

saso user

Повеќе Американци починале од ковид-19 отколку што загинале во 4 војни вкупно

saso user