Балкан

Во Грција 1.955 заразени со ковид-19, до сега починаа 86 лица

Во изминатите 24 часа во Грција е потврден 71 нов случај на Ковид-19, а починаа уште три лица, со што бројот на заразени од почетокот на епидемијата е 1.955, а бројот на починати 86 лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопшти професорот епидемиолог Сотирис Циодрас на денешната редовна прес конференција во Министерството за здравство на Грција, од потврдените случаи, 57 отсто мажи, а најголемиот дел (45 проценти) се на возраст меѓу 40 и 64 години. Тројца од десет заразени е од 18 до 39 години, 21 отсто е на над 65 годишна возраст, а деца до 17 години се нешто помалку од три отсто.

Од хоспитализираните, 79 се приклучени на апарати, а од нив 77 отсто има некои здравствени проблеми или е на возраст од над 70 години.

Во однос на починатите, нивната просечна возраст е 73 години, а од 86 лица 23 се жени.

До сега, во Грција, анализирани се 33.634 примероци.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Убиено младо момче во Босна

saso user

Пленковиќ: Не смее во од да се менуваат правилата во преговарачкиот процес

saso user

Дојава за бомба во авион на аеродромот во Белград, евакуирани 130 патници

saso user