Сцена

Брус Вилис ѝ ја избричи главата на ќерката ФОТО+ВИДЕО

Холивудскиот актер Брус Вилис (65) ги поминува деновите во изолација заедно со поранешата сопруга Деми Мур и нивните три ќерки. Едната од нив покажала како татко ѝ, ѝ ја избричил главата.

Една од ќерките, 26-годишната Талула го објавила видеото од изолацијата на својот инстаграм-профил.

На снимката се гледа како Брус со електрична машинка во бањата ја стрижи Талула. Инаку, многумина забележале дека токму таква фризура во 1997 година носела нејзината мајка Деми Мур поради снимањето на филмот „Г. И. Џејн“.

„Изгледаш како Иванка Орлеанка“, се слуша нејзината сестра Румер (31), на снимката.

Талула својата нова фризура ја покажала и кога позирала топлес.

Брус Вилис и Деми Мур се разведоа во 2000 година, но останаа во одлични пријателски односи.

 

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Сопругот на Пинк: Коронавирусот ѝ ги нападна белите дробови, а таа има астма

saso user

Никол Кидман: Децата ја избраа Скиентолошката црква наместо мене

saso user

Поранешната сопруга на Џони Деп ужива со новата девојка додека нему му го претвора животот во пекол

saso user