Балкан

Борисов: Црквите во Бугарија за Цветници и Велигден ќе бидат отворени, луѓето се со ослабнат дух

Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска соопшти дека православните цркви и храмови во земјата ќе бидат отворени за време на Цветници и Велигден и покрај кризата со коронавирусот, објаснувајќи дека така ќе било затоа што многу луѓе биле очајни и со ослабнат дух.

Борисов, исто така, денеска ги повика Бугарите да останат дома и оттаму да се молат. Мисите во поголемите цркви ќе бидат пренесувани во живо на државната телевизија.

– Тешка одлука, но подготвен сум да се носам со прозивките – рече Борисов на денешната прес конференција.

– Епископите ми кажаа дека многу луѓе се со ослабнат дух, дека се очајни. Затоа не можам да издадам таква наредба, за затворање на црквите – додаде тој

Црковните обреди на Велики петок, а особено на Велигден, вообичаено привлекуваат илјадници луѓе во црквите ширум балканските земји.

Бугарскиот минитер за внатрешни работи, Младен Маринов, изјави дека полицијата ќе биде околу црквите и ќе пази на редот и приддржувањето до социјалната дистанца.

Бугарија на 13 март прогласи вонредна состојба во земјата и забрани собирања со повеќе од две возрасни лица.

– Православната црква нема да дели гранчиња од врба како што тоа вообичаено го прави во недела, на Цветници – изјави митрополитот Ловечки, Гаврил, и опиша дека потегот на црквата е „голем компромис“

Митрополитот додаде дека обредите за Велигден ќе се оддржуваат надвор од црквите, а Светиот синод на сите верници им препорача да носат заштитни маски.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Опозицијата во Албанија доби дозвола да протестира само два часа

saso user

Тачи: Јамајка ја призна независноста на Република Косово

saso user

Седум мигранти, од кои пет деца, загинаа откако потона брод во близина на Турција

saso user