Сцена

„Ју-ту“ донира 10 милиони долари за борба против коронавирусот

Ирскиот поп-рок бенд „Ју-ту“ дари 10 милиони долари за борба против коронавирусот во својата земја. Парите ќе бидат искористени за поддршка на здравствените работници и купување заштитна опрема.

Дел од опремата финансирана од бендот веќе пристигна на аеродромот во Даблин, објави ирската телевизија РТЕ.

Ирскиот премиер Лео Варадкар им се заблагодари на рокерите. – „Иако владата нарача количина опрема што во нормално време би била доволна за 13 години, секоја помош од приватниот сектор и јавноста е добредојдена“, напиша тој на Твитер.

„Ју-ту“ со години се дел од многу национални, но и светски општествено-политички проекти.

Во Ирска досега околу 6.000 луѓе се заразени со коронавирус, а 235-мина починале

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Едногодишни близнаци станаа ѕвезди: Родени се со различна боја на кожата ФОТО

saso user

Џони Деп тврди оти модринките на Амбер се лажни, таа него му нанесила повреди?

saso user

Лијам сакал да се забавува, Мајли ја поминала таа фаза

saso user