Урбани вести

Честитка на градоначалникот на општина Ресен, Живко Гошаревски, по повод 8-ми април, Меѓународниот ден на Ромите

Почитувани сограѓани,
Дозволете ми на сите што го слават да им го честитам 8-ми април, Меѓународниот ден на Ромите.
Ромите од секогаш биле и секогаш ќе се нераскинлив дел од нашето општество.
Како рамноправна етничка заедница потполно рамноправно Ромите го негуваат својот јазик, ја развиваат својата култура но во исто време рамо до рамо заедно со нас учествуваат во креирањето на политиките во нашата држава.
Ресен и Преспа се подрачје од каде што може да се земе пример за соживот помеѓу сите етнички заедници вклучувајќи ги и Ромите.
Во едни вакви вонредни и тешки моменти уште еднаш да дадеме пример на заедништво и сплотеност и заедно да се исправиме зад непријателот наречен Ковид-19.
Уште еднаш да Ви го честитам денешниот празник и апелирам празнувањето да биде во согласност со одредбите и правилата кои што ги донесе нашата Влада и Министерството за здравство.
Со почит,
Градоначалник на Општина Ресен
Живко Гошаревски

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

ВМРО ДПМНЕ :Честитка по повод 7 Ноември-Денот на ослободувањето на Охрид од фашистичкиот окупатор

saso user

Шумски пожар на потег-Опеница – Расино причина за непријатниот чад во Охрид,нема место за паника.

saso user

(ГАЛЕРИЈА) МИЛИОНСКАТА ХАЦИЕНДА -ДИВОГРАДБА НА МИТРЕ МИЛОШЕВСКИ КОЈ САКА ДА ПОСТАНЕ ГРАДОНАЧАЛНИК?!

saso user