Урбани вести

ЧЕСТИТКА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОНСТАНТИН ГЕОРГИЕСКИ ПО ПОВОД 8. АПРИЛ МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА РОМИТЕ

 – Почитувањето на различностите, градење соживот и еднакво општество за сите е нашата најголема сила. Ромите како заедница се нераскинлива алка од таквото општество. Тие со нивното делување, преку учеството во локалната, законодавната, извршната власт и образованието, во голема мера придонесуваат во градењето и развојот на Охрид во секоја сфера од општествениот живот. Сепак претстои уште многу работа особено во рушењето на стереотипите и предрасудите, но и работа во економската нееднаквост, која е значајна пречка во целосното остварување на ромската заедница. Сите ние, заедно ќе се бориме и ќе се избориме за еднакви прави и можности и за почитување на различностите.

Најискрено ви го честитам „8-ми Април – Меѓународниот денот на Ромите“ , со желби за многу успех и просперитет, личен и како заедница, стои во честитката на градоначалникот Константин Георгиески.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

СВИКAНА ТРИЕСЕТ И ДЕВЕТТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

saso user

В.Д. ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОНСТАНТИН ГЕОРГИЕСКИ ВО ОБИКОЛКА НА ГРАДЕЖНИТЕ АКТИВНОСТИ НИЗ ГРАДОТ

ohrid_user

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПРЕДЛОЗИ ЗА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ ЗНАЧАЈНИ НАСТАНИ И ИСТАКНАТИ ЛИЧНОСТИ СО МЕМОРИЈАЛНИ СПОМЕНИЦИ И СПОМЕН ОБЕЛЕЖЈА

saso user