Македонија

Филипче: Брзо закрепнување на оздравените, се надевам на позитивни вести сѐ почесто

Министерот за здравство Венко Филипче со порака на Фејсбук им посака брзо закрепнување на сите пациенти и истакна дека очекува се почесто да слушаме позитивни вести, откако  вечерва беше објавено дека од коронавирусот се оздравени двајца пациенти од Штип.

– Уште две лица кои боледуваа од КОВИД-19 се денеска оздравени. Двајцата пациенти од Штип ја поминаа болеста со лесна слика и во домашно лекување под постојан надзор  од лекарски тим. Им посакувам брзо закрепнување на сите пациенти и се надевам дека сѐ почесто ќе слушаме позитивни вести, напиша Филипче на неговиот фејсбук-профил.

Министерството за здравство претходно, пренесувајќи информации од Институтот за јавно здравје, соопшти дека денеска попладне се регистрирани уште две лица од Штип оздравени од КОВИД-19 и дека согласно протоколот им биле направени два контролни теста кои покажале негативен резулат на коронавирусот.

Во болницата во Штип од вирусот сега се лекуваат четири пациенти, а оваа болница следи уште 14 пациенти со лесна форма на болеста кои се на домашно лекување.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Николоски го брани Заев: Да не беше Зоран Заев…

saso user

Приведени се 98 граѓани зашто шетале во полициски час

saso user

Макрон лично ќе му ја објасни на Заев методологијата на проширувањето

saso user