Македонија

Уставниот суд ја разгледува одлуката за распуштање на Собранието

Иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за распуштање на Собранието на Република Северна Македонија денеска се најде пред Уставните судии, но врз основа на дискусиите на судиите, како и поради значењето на предметот седницата ќе продолжи во наредните денови, информираат од Уставниот суд.

„ Уставниот суд на Република Северна Македонија, денеска одржа седница на која единствена точка на дневниот ред беше разгледувањето на иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за распуштање на Собранието на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.43/2020). Врз основа на дискусиите на судиите, како и поради значењето на предметот, се зазеде став седницата да продолжи во наредните денови за што јавноста ќе биде известена навреме“, стои во соопштението од Уставниот суд.

Од Уставниот суд информираат дека и во услови на вонредна состојба продолжува да ги извршува своите уставни надлежности и ја следи и анализира состојбата со донесувањето на уредбите со законска сила од страна на Владата на Република Северна Македонија.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Шекеринска, Димитров и Маричиќ ги брифирале дипломатите дека се за брзи избори во јуни

saso user

Почна дистрибуцијата на „Европската младинска картичка”

saso user

Рушити: Алијансата на Албанците нема да поддржи Закон за обвинителство во кој има амнестија

saso user