Балкан

Туристичката сезона во Грција ќе започне во јули?

Во моментов е многу тешко да се даде прецизно предвидување до кога ќе трае пандемијата со коронавирсуот, но грчките експерти веќе почнаа да кројат математики за тоа кога биде најидеално да започне летната туристичка сезона во Грција.

– Не можеме да ја предвидиме иднината, но ако во следниот период опадне бројот на заразени и починати лица од коронавирусот, ние секако дека ќе разговараме за ублажување на мерките со цел да се спаси туристичката сезона – вели грчкиот генетичар Емануел Дермицакис, шеф на Националниот совет за истражување на технологии и иновации.

Тој смета дека мерките ќе почнат да се намалуваат во мај.

– Верувам дека во јули ќе може официјално да започне туристичката сезона во Грција. Луѓето тогаш ќе можат безбедно да одат на плажа и да ги посетат островите – смета Емануел.

Од друга страна, пак, професорот по клиничка вирологија на Универзитетот во Крит, Јоргос Сурвинос, тврди дека потребно е да се почека крајот на април за да се разговара за измените на мерките и нивното намалување.

Инаку, како што говороат официјалните податоци, во Грција до денес има над 1.700 позитивни случаи на ковид-19, како и 79 починати пациенти.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Мицотакис со сочувство до семејствата на жртвите во невремето

saso user

Република Српска со вето за одлуката за посета на Ѓукановиќ на БиХ

saso user

Грчката Влада затвора граници и воведува казна од 5.000 евра за „непослушни“ граѓани

saso user