Бизнис

Стопанската комора бара стриктна примена на законите во врска со употребата на дезинфициенси

Во оваа вонредна состојба, кога се води голема битка за здравјето и животите на граѓаните, мора да се преземат сите можни чекори за нивна заштита. Заради тоа, мора да се обезбеди стриктна примена на законските одредби во врска со продажбата на биоцидни производи на пазарот (дезинфициенси за раце, за површини и за подови). Ова е особено важно во постојните услови на нивно енормно користење. Ова го соопшти денеска во видеобраќањето Зоран Јовановски, од Стопанската комора.

Според регулативата, секој добавувач за да стави дезинфициенси во промет треба да поседува дозвола, односно решение, за ставање во промет на биоцидни производи, издадена од Министерството за здравство.

– За да се знае точно кој производ е одобрен, надлежните институции треба во најкус можен рок да ги ажурираат информациите на соодветната интернет-страница (www.hemikalii.gov.mk) со објавување само на важечките решенија од Министерството за здравство. Истовремено, треба да се известат сите учесници во синџирот на дистрибуција, но и сите државни институции, за тоа кои биоцидни производи, односнo дезинфициенси смее да ги има во продавница или смеат директно да се набавуваат, за притоа корисниците да не бидат доведени во заблуда. Тогаш ќе се олесни и работата на инспекциските служби за спречување на ставање во промет на дезинфициенси за кои не е издадено одобрение од Министерството за здравство – рече Јовановски.

Тој појасни дека  Стопанската комора на Македонија во суштина инсистира на стриктна примена на Законот за хемикалии, Законот за трговија и Законот за индустриска сопственост. Само така ќе се избегнат сите ризици и какви било несакани ефекти врз здравјето на населението поврзани со употребата на дезинфициенси.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Во Србија од 1 ноември зголемување на платите во јавниот сектор од 8 до 15 отсто

saso user

Заев: Блиску сме до решение со СОНК

saso user

НЛБ Банка воведе нов „Бизнис долгорочен денарски кредит“ за правни лица

saso user