Свет

Состојба со Ковид-19 во светот до 13 часот: Речиси милион и пол заразени со новиот вирус, а 83.108 починати

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 1.447.513 лицa заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 83.108, а оздравеле 308.712 луѓе.

– Претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли соопшти дека кујната на институацијата почнува да обезбедува по 1000 порции храна за здравствените работници и луѓето во сиромаштија во Брисел.

– Во последните 24 часа во Шпанија од последици на Ковид-19 починаа 757 лица, со што вкупниот смртен биланс во земјата се зголеми на 14.555 лица. Вкупно заразени во Шпанија се 146.690 лица, од кои 48 илјади се излекувани.

– Околу 40 морнари од францускиот носач на авиони Шарл де Гол имаат симптоми, слични на новиот коронавирус и се под лекарски надзор. Денеска, стручен тим со тестови ќе се упати на носачот на авиони за да истражи да да спречи ширење на евентуална зараза, соопшти денеска француското Министерство за одбрана.

Во последните 24 часа во Германија починаа 251 лице, а бројот на смртни случаи се зголеми на 1.861. Во истиот период регистрирани се 4.003 новозаразени лица, со што вкупната бројка достигна 103.228.

– Британскиот премиер Борис Џонсон е во стабилна состојба по втората ноќ на Одделот за интензивна нега, каде се лекува од Ковид-19.

– Откако пред две седмици шпанското Министерство за здравство почна постапка со која би вработило околу 200 странски лекари и медицински сестри, кои веќе живеат во Шпанија, пријавени се голем број, но проблем се документи и регулирање на статусот.

– Српскиот претседател Александар Вучиќ оцени дека вонредната ситуација во земјата би можела да биде укината за околу еден месец, при тоа најавувајќи полициски час за време на целиот викенд во Белград и Ниш.

– Европската унија идентификувала кажни информации за коронавирусот кои доаѓаат од Русија, изјави потпретседателката на Еврокомисијата Вера Јурова за ДПА. Таа прецизира дека собрани се повеќе од 150 дезинформации поврзани со Кремљ, а се однесуваат на Ковид-19.

– Еден од најпознатите светски тенори, италијанскиот оперски пејач Андреа Бочели ќе пее на католички Велигден во празната миланска катедрала, а концертот ќе биде симбол на љубовта, заедништвото и исцелувањето и ќе се пренесува на Интернет.

– Речиси 2000 лица, заболени од коронавирус, починаа во последните 24 часа во САД, што е најголем број на починати во еден ден во светот од почетокот на пандемијата. Со последните 1939 смртни случаи, смртниот биланс во САД се зголеми на 12.722 лица.

– Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека САД веќе нема да учествуваат во финансирањето на Светската здравствена организација (СЗО), критикувајќи го нејзиното однесување и наводната склоност кон Кина. – Ќе ги запраме уплатите на средства наменети за СЗО, рече Трамп на прес конференција во Белата куќа, за потоа малку да ретерира и најави дека всушност ќе се проучи таквата можност. – Не велам дека тоа и ќе го направиме, но ќе ја проучиме таквата можност, рече тој.

– Основачот и сопственик на Твитер Џек Дорси соопшти дека ќе донира една милијарда долари за сузбивање на пандемијата на коронавирусот, појаснувајќи дека износот претставува 28 отсто од неговиот имот.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Прв случај на заболен од новиот коронавирус во Канада

saso user

Јапонија забрани влез на патници од 21 држава, земјава не е на листата

saso user

Помпео: Кинеската Комунистичка партија доцна извести за вирусот

saso user