Сцена

Се разведоа пред 20 години, а сега лудо се забавуваат во карантин ФОТО

Американската актерка Деми Мур и актерот Брус Вилис времето во карантин го минуваат заедно со своето семејство и сите носат исти пижами, па дури и домашните миленици.

Две децении од разводот, Брус Вилис и Деми Мур го градат своето пријателство и многу се посветени на своите деца и семејството..

Актерите уживаат во меѓусебното друштво во самоизолација.

Имено, нивната ќерка Талула на Инстаграм поставила фотографија на која Брус и поранешната сопруга Деми позираат прегрнати по многу години, додека зад нив нивната ќерка Скаут стои со крената нога и широка насмевка.

Момчето на Талула, Дилон Бус, стои на страна и држи мало куче на рамото.

Деми и Брус биле во брак од 1987 до 2000 година и имаат три ќерки. По разводот, Брус и Деми се венчале со своите нови партнери.

Вилис дури и бил присутен на свадбата на Деми Мур со нејзиниот втор, сега веќе поранешен сопруг Ештон Качер во 2005 година, додека мината година Деми била на обновувањето на заветите на Брус со сопругата Ема Хеминг, со која има две ќерки.

Инаку, додека Брус лудо се забавува во карантин со Деми, сите се прашуваат каде е неговата сегашна сопруга, Ема Хенинг Вилис, со која е во брак од 2009 година.

Ема и Брус имаат две деца – Мејбл (8) и Евелин (5).

 

ФОТО: Инстаграм/Принтскрин

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Ќерката на Стивен Спилберг заврши во затвор, а еве како реагирал славниот режисер

saso user

Трамп се закити со „Златна малина“ за најлош актер

saso user

Родман: Мадона ми понуди 20 милиони долари за да ѝ направам дете

saso user