Бизнис

СТО: Падот во светската трговија може да достигне од 13 до 32 отсто

Светската трговска организација (СТО) денеска излезе со прогноза дека во 2020 година ќе има пад во светската трговија од 13 до 32 отсто, како последица на пандемијата од коронавирусот. Тоа се извлекува од податоците на СТО што денеска беа објавени во најновиот нејзин извештај во Женева.

– Се очекува светската трговија да се намали за 13-32 отсто, бидејќи пандемијата предизвикана од Ковид -19 ја наруши нормалната економска активност и живот во светот – забележа СТО.

Експертите го потенцираат значителниот распон во прогнозата заради „досега незабележениот карактер на актуелната здравствена криза и несигурноста во однос на нејзините точни економски последици”.

Според економистите од СТО, „падот веројатно ќе го надмине и падот што беше регистриран за време на светската финансиска криза во 2008-2009 година“

Како што на денешната прес конференција во Женева изјави генералниот директор на СТО, Роберто Азеведо, економистите на организацијата разработиле две сценарија за кризата.

Според оптимистичкото сценарио, владите ќе можат брзо да ја надминат ситуацијата и тогаш падот ќе изнесува 13 отсто.

– Но, според второто сценарио, доколку не е можно брзо надминување на кризата, падот во светската трговија со стоки може да достигне и до 32 отсто, па дури и повеќе – изјави првиот човек на СТО.

Тој потсети дека актуелната криза „ ги принуди државите да преземат досега невидени мерки за заштита на животот на луѓето”.

– Рецесијата во трговијата ќе има „болни последици за семејствата и бизнисот – заклучи Азеведо.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Тевдовски: Минималната плата може да се зголеми, треба да се разговара со работодавачите

saso user

Од странство ќе се бараат пари за гасоводите на делниците Гостивар-Кичево и Свети Николе-Велес

saso user

Инфо ден – Промоција на Програмата за мали грантови во рамки на проектот – КриТинк

saso user