Спорт

Роналдо, Де Лихт и Киелини остануваат во Јувентус

Кристијано Роналдо, Матаис де Лихт и Џорџо Киелини по крајот на сезоната ќе останат во Јувентус, пренесува италијански „Тутоспорт“.

Според изворот, 100 отсто е сигурно дека освен споменатите тројца, во тимот ќе останат и Родриго Бентанкур и Мерих Демирал. На нив најверојатно ќе им се придружат Џанлуиџи Буфон, Леонардо Бонучи и Данило.

За играчот од средниот ред Миралем Пјаниќ и дефанзивците Матиа де Шилио и Даниеле Ругани се смета дека ќе си заминат.

Во моментов, сезоната во Италија е прекината поради пандемијата од коронавирус. Јувентус ја предводи Серија „А“ со 63 бода по 26 одиграни натпревари.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Турската федерација му подари дрес на суспендираниот фудбалер кој даде поддршка за нападите во Сирија

saso user

Градови домаќини на ракометното ЕП 2020

saso user

Минимална победа за Шкендија во дербито со Вардар

saso user