Спорт

Премиер лига ќе загуби милијарда фунти ако не заврши сезоната 2019/20

Извршниот директор на Премиер лигата, Ричард Мастерс, кажа какви загуби може да претрпи лигата ако сезоната 2019/20 не се доигра.

– Ги губиме приходите на невидено ниво, како и повеќето од економијата во Велика Британија. Ако не ја завршиме сезоната-2019/20, тогаш се соочуваме со загуба од една милијарда фунти, и ако продолжи ситуацијата со пандемијата на коронавирус, тогаш следуваат и други загуби. Ова негативно ќе влијае не само на финансиската состојба на 20 клубови во лигата, туку ќе влијае негативно и на професионалниот сегмент како целина – изјави Мастерс.

Првенствата во Европа се прекинати поради пандемијата на коронавирус.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Македонија со пораз од Финска го почна ЕП во одбојка, денеска поправен со Турција

saso user

Пепе ќе избира меѓу четири тима за 80 милиони евра

saso user

Барселона триумфално на „Олд Трафорд“, реми во Амстердам

saso user