Македонија

Муцунски: Македонија најголема помош доби од Јанша, Орбан, Трамп и Ердоган

Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ на фејсбук пишува дека Македонија, најголемата билатерална помош ја доби од владите предводени од премиерите Јанша, Орбан, претседателот Трамп и  Ердоган и изрази благодарност до сите нив.

Во продолжение Фејсбук статусот на Муцунски:

„Конзерватизамот и солидарноста

Македонија на дело е сведок за искажаниот висок степен на солидарност од страна на четири држави и влади предводени токму од конзервативни партии. Во овие тешки и неизвесни времиња за сите нас, најголемата билатерална помош која Македонија до денес ја доби е од владите предводени од премиерот Јанша, премиерот Орбан, претседателот Трамп и претседателот Ердоган. Тоа секако не е случајност, бидејќи конзерватизмот во себе инкорпорира одговорност, хуманост, емптија и сочуство, што е повеќе од очигледно и во заедничката битка која ја водиме против ширењето на пандемијата предизвикана од COVID-19.
Кон пријателите од нашите сестрински партии изразуваме посебна благодарност, бидејќи во услови кога и нивните држави исто така се соочуват со сериозни предизвици сепак издоија дел од нивното внимание и медицински ресурси и ни помогнаа. Во овие непријатни мигови, кои предизвикуваат голема неизвесност, потребно е да дејствуваме локално, национално, но и глобално и со заеднички сили да ги надминеме поделбите по било кој основ.

Да се надеваме дека и оваа криза наскоро ќе помине, но секако не смееме да заборавиме на искажаната хуманост и пријателство од страна на народите, кои и во оваа прилика дадоа несебична поддршка за нашата земја.

Верувам дека во битката која ја водиме против заедничкиот непријател Ковид-19 ќе пристигне дополнителна поддршка и помош и од многу други земји и поединци, на кои однапред им се заблагодаруваме и ги поздравуваме.

Преку силна активност, взаемна почит и интензивна соработка во татковината и на меѓунардно ниво ќе продолжиме да дејствуваме заеднички и во интерес на граѓаните и државата, затоа што ја сакаме Македонија.
Hvala!
Köszönöm!
Thank you!
Teşekkür ederim!,“ пишува тој на Фејсбук.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Нема измени во обезбедувањето на претседателот

saso user

Лихвар му позајмил 20.000 евра, а му изнудувал 120.000 евра

saso user

Вкупно 211 години робија за обвинетите во „27 април“

saso user