Свет

Лукашенко со нова „експертиза“ за коронавирусот: Болеста ги напаѓа оние кои вчера пиеле алкохол, а денеска пушат цигари

Белорускиот претседател Александар Лукашенко упати уште едно интересно видување на работите, а тоа е дека коронавирусот ги напаѓа луѓето кои вчера пиеле вотка, а кои денеска пушат цигари.

– Сите ми се смееја пред една година кога реков дека треба активно да спортуваме, да трчаме, да пиеме помалку алкохол и да не пушиме цигари, но сега гледаме дека коронавирусот ги пронаоѓа сите оние кои пиеја вчера, а денеска пушат – рече Лукашенко, кој само пред неколку недели ги советуваше граѓаните на Белорусија да пијат вотка и да одат во сауна за да не се заразат со ковид-19.

Според официјалните податоци, досега во Белорусија се регистрирани над 860 позитивни случаи на коронавирусот и 13 смртни случаи.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Вулин: Војската пукаше во воздух во два инциденти во мигрантските центри

saso user

Поради уште една промена во идентитетот на пациентите, директорот на сплитската болница поднесе оставка

saso user

Белгиски научници истражуваат дали лековите за реума се ефикасни против ковид-19

saso user