Сцена

Леди Гага, Пол Макартни и Били Ајлиш подготвуваат најголем концерт „од дома“

Пејачката Леди Гага со организацијата „Глобал ситизен“ собра 35 милиони долари за борба против коронавирусот, па ќе организира специјално ТВ-шоу, во кое, меѓу другите, ќе учествуваат Пол Макартни, Стиви Вондер и Били Ајлиш.

Гага истакна дека парите се собрани за седум дена и дека ќе бидат испратени до Светската здравствена организација (СЗО), пренесува АП.

По тој повод ќе биде организиран „Еден свет: Заедно дома“ (One World: Together At Home), виртуелен телевизиски настан со кој би им се оддало признание на здравствените работници за помошта при пандемијата на коронавирусот.

Емисијата ќе се емитува на 18 април во 20 часот истовремено на телевизиите ABC, NBC, CBS и HeartMedia и Bell Media.

Домаќини на ТВ-специјалот ќе бидат американските ТВ-водители Стивен Колбер, Џими Фалон и Џими Кимел, пренесува „Данас“.

– Треба да раскажуваме приказни и да ја славиме заедницата што е во првите редови – здравствените работници – рекла Леди Гага преку видеоповик во текот на прес-конференцијата на СЗО кога беше најавен настанот и додала:

„Сакаме да укажеме на сериозноста на ова досега историско културно движење без преседан и сакаме да ја славиме и да ја охрабриме моќта на човечкиот дух.“

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Џеј Ло во секси костим за капење го покажа задникот од 27 милиони долари ФОТО

saso user

Како прстенот што беше наменет за Меган заврши на раката на Кејт? ФОТО

saso user

Поранешната сопруга на Џони Деп е во врска со жена која е тешко болна ФОТО

saso user