Сцена

Концертот на „Електрични оргазам“ во Скопје презакажан за 24 јуни

Славеничкиот концерт на култната група „Електрични оргазам“, што беше најавен за 26 март во Младинскиот културен центар во Скопје, е презакажан и ќе се одржи на 26 јуни на Стадионот на АРМ, соопшти денеска организаторот на настанот „Авалон Продукција“.

– Мартовските концерти коишто моравме да ги одложиме поради актуелната состојба со корона вирусот, ќе бидат презакажани со нови дати, а концертот на култните „Електрични Оргазам“ ќе има и нова локација. Ве информираме дека се одлучивме да го направиме на отворено и тоа на 24 јуни на Стадионот на АРМ, еден ден пред фестивалот „Скопје Гори“ на кој ќе настапат легендарните „Пласибо“ – вели „Авалон Продукција“.

Организаторите информираат дека „Електрични oргазам“ ќе настапат на голема бина и со уште поголема продукција, „со роденденски репертоар кој ги опфаќа сите песни што ја одбележаа кариерата на овој супериорен бенд“.

Набавените влезници за откажаниот настан за 26 март, ќе важат и за концертот на 24 јуни.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Telekom Electronic Beats Picnic – големата журка под отворено небо, што ќе се случи во градскиот парк на 21 септември, нуди целодневна забава со модерни електронски звуци од странски и голем број домашни изведувачи во комбинација со изложби на ликовни артисти и дизајнери. Сетот на францускиот диџеј Лудовик Лорка (попознат по сценските имиња Llorca и Art of Tones) почнува на зајдисонце, во 18 часот. Тој е еден од носителите на современиот таканаречен„nu jazz“ звук, кој претставува комбинација на електронска музика со игриви и динамични џез, фанк и соул семплови. Во изминатите 20 години Llorca си играше со звуците, креираше уникатни парчиња музика и спојуваше различни жанрови, а од 2005 почна да издава музика под псевдонимот Art of Tones, за кој тој самиот вели дека треба да ја прикажува „посветлата страна од музиката“. За вечерта, во 22:00 часот, е закажан сетот на американскиот диџеј Edward McKeithen, попознат кај нашата публика како Jus Ed, кој ќе нѐ воведе во неделата, односно последниот ден од летото. Неговата кариера се протега низ цели четири децении и во светот на електронската музика Jus Ed е име познато како „чувар на андерграундот“, поради неговото настојување да поддржува нови, непознати артисти кои се исфрлени од музичката индустрија. Како едно од најважните имиња во светот на хаус и електронската музика, гостувањето на Jus Ed пред скопската публика ќе биде проследено со големо внимание, посебно поради фактот што тој за првпат доаѓа во Македонија.

saso user

Гуру Харе сними дует со Аки Ракимовски

saso user

Средбата на Меган и Бијонсе сепак била напната, пејачката го прекрши правилото дека кралското семејство последно доаѓа

saso user