Македонија

Кинескиот амбасадор за „Вечер“: Рано откривање и рано лекување се клучни!

Клучот за превенција и контрола на епидемијата е рано откривање, рана изолација и рано лекување. Важно е да се прошири тестирањето за да се откријат сите заразени, а потоа да се стават во карантин, кој треба да е задолжителен за заразените лица, сомнителните лица и лицата кои имале блиски контакти со нив, вели амбасадорот на НР Кина во Македонија, Џанг Ѕуо, во интервју за весникот „Вечер“.

– Во моментов, Кина се бори за заштита од влегувањето на вирусот од странство, и за одбранување од повторно избувнување на епидемијата внатре во земјата. Збратимениот град на Скопје, градот Нанчан од провинцијата Џјанши, донираше 50.000 маски со ИСО-стандард кои одговараат за влез на европскиот пазар. Кинеската амбасада во Македонија собра пари и ги донираше на Министерството за здравство, а медицински и материјали за дезинфекција беа донирани за МВР и Министерството за одбрана – вели Ѕуо.

Тој вели дека до моментов не добиле релевантна набавка од македонската страна за купување на 30 респиратори.

– Состојбата со епидемијата е сè уште неизвесна. Точката на пикот на епидемијата често зависи од тоа дали преземените мерки за интервенција се ефективни. Затоа, иако не сум видел прецизно предвидување од експертите за пикот, мислам дека врз основа на ефективните мерки од македонската влада и поддршката од народот, нема да чекаме многу долго за овој момент – вели тој.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Никола Кљусев постхумно одликуван со орденот „Свети Никола“

saso user

Дуел Пендаровски-Сиљановска во „Само вистина“ на 2 мај

saso user

Стевчо во куќен притвор поради здравствени причини

saso user