Свет

Иднината на ЕУ е во опасност ако нема заедничка каса за последиците од ковид-19, предупреди Шпанија

Иднината на Европската унија е во опасност ако нема заедничко финансиско решение за справување со последиците од борбата против коронавирусот. На ова денеска предупредија двајцата шпански високи претставници откако европските министри за финансии не успеаја да постигнат договор за издавање заеднички обврзници.

Портпаролот на Владата во Мадрид, Марија Хесус Монтеро, рече дека Европејците ќе започнат да ја губат довербата во ЕУ доколку не дејствува заедно во кризата што ја спореди со Втората светска војна.

– Ни треба помош од други земји, и затоа и првично беше формирана Европската заедница, во тоа време по физичка војна, сега се бориме против епидемија, рече таа во интервју за телевизијата Антена 3.

Министерот за земјоделство, Луис Планас, ја повтори оваа загриженост.

– Ова е главно прашање во врска со иднината на Европската унија, рече тој за „Суд радио“.

Сепак, двајцата исто така рекоа дека се оптимисти оти понатамошните преговори на крајот ќе дадат позитивни резултати, иако министрите за финансии на ЕУ ноќеска не успеаја да постигнат договор и ги прекинаа состаноците до утре.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Поради штрајк, во прекин железничкиот сообраќај во Шпанија

saso user

Иран ги затвора училиштата во градовите Ком и Арак за да се спречи ширењето на Ковид-19

saso user

На граничарите во Австрија ќе им помагаат резервистите

saso user